Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Политика
09.10.2011, 21:15

Трите клучни прашања за случајот „Нешкоски“

Дали со обвинителниот акт против Игор Спасов е успешно комплетирана истрагата?

Горан Адамовски



По неколкумесечна истрага, Обвинителството покрена акт против Игор Спасов (32), кој на судскиот процес ќе одговара за убиството на Мартин Нешкоски (22), извршено на плоштадот „Македонија“ во центарот на Скопје. Дали со тоа истрагата е успешно комплетирана, дали сите виновници ќе одговараат за смртта на момчето во ноќта кога се славеше изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ, дали не е направен обид да се забошоти вистината? Случајот „Нешкоски“ и натаму не одговара на неколку клучни прашања, кои уште отсега ставаат сомнеж врз претстојниот судски процес.



1. „Слеп обвинител - селективна правда“, порачаа граѓаните кои во петокот протестираа за, според нив, несфатливите пропусти во истрагата и во обвинението. Обвинителството не гледа вина и одговорност кај полицајците, кои, според изјавите на десетина очевидци, му помогнале на Спасов да го крене мртвото тело на Нешкоски и да го однесат на клупа кај МЕПСО. Полицајците, тврдат сведоците, го пуштиле Спасов да си замине, а тоа само по себе е кривично дело. Обидите да се претстави случајот во стилот „момчето починало бидејќи му се слошило“ е непотребно да се коментираат.



2. Каде се видеозаписите од настанот? МЕПСО ги известил надлежните дека апаратот за снимање не им работел поради неисправност, Општина Центар не можела да подготви цеде со видеозапис од камерите поставени на плоштадот, бидејќи тие не ги поставиле и немале дадено одобрение за нивно поставување, а Градот Скопје не можел да достави снимки, бидејќи камерите не биле во нивна надлежност. Има снимки или нема? Се потруди ли некој да ги обезбеди? Дали на нив има нешто што не треба да се види?



3. Дали Спасов бил работно ангажиран или не во ноќта кога брутално го претепа Нешкоски. „Тигарот“ тврди дека бил. Негова задача, но и на колегите, била да го штити претседателот и министрите на оддалеченост од два до три метри од нив. Обвинителството не му верува на Спасов, бидејќи распоредот за работа покажал дека Спасов бил ангажиран само до полноќ, а убиството се случило триесетина минути подоцна. Ако штипјанецот навистина бил на задача, тогаш одговорноста би требало да оди многу повисоко во полициската хиерархија. Можеби и до врвот?


Статијата е прочитана 1811 пати.

Испрати коментар



Владините реклами пак ги окупираа медиумите
Азилантите и европската хипокризија



Hari, 10.10.2011 00:20:07
Svirepo ubistvo od strana na policaec vo koj se soucesnici Ivo, Goca, MVR i parytijata na Vlast. Se izlazavte koga se obidovte da prikriete i ucestvuvate vo zlocin, ne moze da pravite se sto ke posakate, da ubivate, amnestirate zlostornici, da kradete i un istuvate eden narod. Koga i da e narodot ke ve isprati vo istorijata.
Dosta so diktaturata, 10.10.2011 01:27:00
Partijata i koalicijata na vlast AMNESTIRASE zlostornici protiv covestvoto koi masakriraa Makedonci vo proces na grozomorno ETNICKO CISTENJE I GENOCID!!! Dali ima nekoj koj sto ocekuva vo OVAA MAKEDONIJA SO OVAA VLAST da ima PRAVDA!? Ke dade Gospod den da svetne SONCETO nad Makedonija.
NG, 10.10.2011 08:19:49
Сигурноста за животот на единката во Општеството е показател за Демократијата или Диктатурата во Општеството. Ве замолувам за повеке внимание за оваа тема.
Istocna Makedonija, 10.10.2011 09:10:29
Greota za deteto, od prviot moment iveto i goca lazat , i den denes uste lazet, kako ne gi e sram, tie ne razbiraat nitu od sram nitu od grev, mora da gi branat nivnite poslisnici(ubijci), a tie mora da se ulizuvaat na DIKTATOROT so prikrivanjeto na vistinata, koga togas vistinata ke izleze na videlina. Podrska za mladite koi protestiraat, a gordeto i iveto narodot ne moze sega da gi kazni bidejki se mnogu jaki, ama ima gospod goj ke gi kazni SIGURNO, toj ne zabrava vakvi raboti.
mile, 10.10.2011 09:29:41
krvno ubivstvo na edna kriminalna vlast,treba da odgovaraat site,od premier do ministerka,specijalci,6ta uprava,brza pomos,policajci pa eve sega i obvinitelstvoto,za ova ne treba da molcime site treba da se sprotistavime na ova ubivstvo sto sakaa da go sokrijat ovie od vlasta...za ova vo normalni drzavi pagja vlast,milom ili silom!!!dosta ni e od kriminal i ubivstva.
Киро, 10.10.2011 10:39:31
Министерката реба да лета од фотелјата која не ја заслужва, ги прикриваат убијците и соучесниците, не само што не и доликува да биде министерка, туку треба и кривично да одговара за прикривање на Кривично дело и извршителот и соучесниците. (Цела постапка е испревртена, каде се истражниот судија и Јавниот обвинител, се знае во такви случаи кој го презема случајот),и под итно да биде распуштен СВКПС, оваа е еклатантен пример како не треба да се работи. Премиере смени си ги советниците зашто е очигледно дека те лажат и те дезинформират. „Или се правиш на Тошо“??????????????????
seirdzija, 10.10.2011 10:57:33
Dobro uste kolku spored vas Premierot treba da frli lopati i da prestane da se pisuva za ovoj nastan sto mu go rusi rejtingot??Mislam deka e bezobrazno da mu go narusuvate bezgriznoto vladeenje i da go nervirate i nego i Srdzan Kerim.A ako cekate Goca i Ivo da dadat ostavka e za toa ke popricekate malku povece....
Феличита, 10.10.2011 12:42:49
Јави се ,Среле!
Crna Raka, 10.10.2011 15:05:58
Ministerkata da dade ostavka a site ubijci i soucesnici vo ubistvoto da dobijat maksimalna zatvorska kazna - dozivotna robija!
makedonec, 10.10.2011 22:08:54
ne se sekavam vaka da galamevte za postarot so kako kuce golikvidiraa vo vase vreme

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Претежно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |