Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
06.10.2011, 13:04
Иванов: Поделбата на Косово може да го дестабилизира регионот




Македонија смета дека треба да продолжи дијалогот меѓу Белград и Приштина и покрај тоа што е отежнат од актуелната ситуација, вели претседателот на РМ во интервју за српската агенција Танјуг.

Иванов потенцира дека Македонија е подготвена и да посредува во изнаоѓањето решение, со оглед на добрите односи со сите соседи кои се за тоа подготвени.

- Македонија внимателно ја следи ситуацијата на Косово и односите меѓу Приштина и Белград. Свесни сме дека актуелниот развој на настаните ги отежнува разговорите, но сметам дека мора да породолжат по сите прашања по кои може да се очекува постигнување напредок, вели македонскиот претседател.

Тој потенцира дека Македонија е против евентуални разговори за поделба на Косово.

- Сметаме дека е тоа неодговорно размислување кое може подлабоко да ги дестабилизира целиот регион и да има последици кои ќе ги надминат сите потешкотии кои сега ги имаме, предупредува Иванов.

Според него, Македонија се залага за максимално почтивување на правата на граѓаните во сите држави во регионот, но и правото на граѓаните на самоопределување и почитување на комплексот етнички права.

Претседателот Иванов во интервјуто нагласува дека на Балканот ниту една држава не е етнички или верски хомогена и затоа сите држави треба да ги почитуваат овие принципи, вклучувајќи ги и Косово и Србија.

- Почитувањето на етничките права нуди можност да се совлада ризикот неодговорните политички фактори да ги злоупотребуваат разликите меѓу граѓаните. Ние тука сме подготвени да посредуваме, како политички, поаѓајќи од тоа дека Македонија одржува добри односи со систе соседи кои се за тоа подготвени, така и со размена на нашите искуства за градење модел на мултиетничка демократија, појаснува македонскиот претседатетел.

Иванов наведува дека „независноста на Косово е веќе признат факт за голем број држави од регионот и од Европа“, и оти и покрај тоа што ги разбира српските ставови, „мора да се направи обид да се најде начин како да се функционира до постигнување решение или барем односите дополнително да не се влошуваат“.

- Имаме успешен модел на помирување во ЕУ, каде државите се подеднакво долго, а често и многу подолго до балканските народи, имале искуство на непријателства и анимозитет. Тие земји ги надминале своите разлики благодарение на процесот на економско, а потоа и политичко поврзување, потсетува Иванов.





Статијата е прочитана 940 пати.

Испрати коментар



Почувствуван земјотрес во Валандово, Гевгелија, Струмица и Берово
Меѓуверска толеранцијa, но и непознавање на религиите
СДСМ со заблешки за организацијата и спроведувањето на пописот
Жозеп Дол - Можна е деблокада на евроинтеграцијата на Македонија
Придавката „македонски” повторно „виси” во извештајот
Се изготвува текстот за вклучување на македонија во „Јужен поток“
Од утре во Македонија пад на температурата и врнежи од дожд
Аирлија по новиот „Гологанов“ и по кружниот тек
Четворица осомничени за убиството на Наумовски во Перт
Земјоделците си ги бараат субвенциите за годинава
Зголемени поплаките за телекомуникациските оператори
Грција бара почитување на правата на малцинствата при пописот во Албанија
Почина поранешниот албански претседател Рамиз Алија
Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Иванов ги повика романските бизнисмени во Македонија
Булеварот „Теодосиј Гологанов“ и кружниот тек ќе бидат пуштени во употреба
Меѓународна конференција „Меѓурелигиска толеранција во Македонија“
Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
(ФОТО) Фановите низ светот му оддадоа почит на Џобс
Музика од диџеи во двокатните автобуси
„Аџибадем“ газда на половина од капиталот на „Систина“
Бесими - Членството во НАТО врвен приоритет за Македонија
Малолетник му пукал во стомакот на својот другар
„Отворени е-услуги“, нов проект на Министерството за информатика
Басеску - Романија ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија
Почна „Вино-скоп 2011“
Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Реакции по смртта на информатичкиот гениј и визионер
Кипар од Русија доби заем од 2,5 милијарди евра
Регистрирани два земјотреса во Валандово и во Гевгелија
Претседателот Иванов во посета на Романија
Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
Мајк Зафировски именуван за директор на „Априа хелткер груп“
Вето во ОН за Сирија, Турција најавува санкции
Автоматизиран вториот блок на РЕК Битола
Промовирана книгата за лустрацијата во Македонија
Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Ердоган - Израел поседува атомска бомба
МНР ќе ја проверува изјавата на албанскиот амбасадор Чејку
Арифи - Извештајот на ЕК ќе биде сличен како ланскиот
Од петок драстично пониски температури
„Кока-кола“ останува највреден бренд во светот
Невработена Американка по грешка освои 25 милиони долари
„Ноќта“ ги проголта макроата и клиентите кај МТВ
Бусек - Поделбата може да биде решение за косовскиот јазол
Хеликоптер се урна во Ист Ривер, еден загинат
Драшковиќ - За најмногу 15 години Македонија ќе се подели
Груевски во Рим ќе се сретне со Берлускони
Грција со стегнато срце, ќе задоцни исплаќањето на шестата рата
Телевизијата А1 должи на фирми, актери, новинари...
Вељаноски очекува позитивен извештај од ЕК
Малстром - Има шанси визите да се вратат
Момче застрелано во глава во центарот на Тетово
Проектот во Скопје ја подели Македонија
Ослободителна пресуда за фармерот Душко Илиевски
Македонија и Црна Гора потпишаа Договорот за екстрадиција
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Изгаснат пожарот на покривот на новиот театар
Нобеловата награда за физика за 2011 за тројца научници



jove, 06.10.2011 14:22:38
So drugi zborovi - stabilnosta na Makedonija zavisi od stabilnosta na Kosovo. Ama izjava ...
maca, 06.10.2011 14:25:48
Podelba na Kosovo ne moze,ali podelba na Srbija moze??Toa ste go nepravile koga ste go priznaele Kosovo.Samo da ne zaigra meckata i vo nasiot dvor!

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 12°C

Делумно облачно

Петок
Делумно облачно
Макс: 26°C, Мин: 12°C

Сабота
Обилни врнежи
Макс: 16°C, Мин: 4°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Саботен магазин |