06.10.2011, 09:11 Почина таткото на „Епл“, Стив Џобс
- Блесокот, страста и енергијата на Стив беа извор на бројни иновации, кои го збогатуваат и подобруваат нашиот живот. Светот стана неизмерно подобар благодарение на Стив, се вели во соопштението.
Коосновачот и поранешен извршен директор на „Епл“ Стив Џобс почина вчера на 56-годишна возраст по долгогодишната битка со ретка форма на рак на панкреас.
„Епл“ соопшти за неговата смрт во кусо соопштение.
- Блесокот, страста и енергијата на Стив беа извор на бројни иновации, кои го збогатуваат и подобруваат нашиот живот. Светот стана неизмерно подобар благодарение на Стив, се вели во соопштението.
Џобс, кој му ги даде на светот Ајпод и Ајфон, се повлече во август како извршен директор на најголемата технолошка корпорација во светот и ги предаде функциите на Тим Кук.
Џобс беше сметан за срцето и душата на „Епл“, која му соперничи на „Ексон Мобајл“ како највисоко котирачка компанија во САД.
Во изјавата со сочувство претседателот на САД Барак Обама го опиша Џобс како голем американски иноватор.
- Стив беше меѓу најголемите американски иноватори - доволно смел, за да мисли различно, доволно дрзок, за да верува дека може да го промени светот �� доволно талентиран за да го стори тоа, истакна Обама.
Коосновачот и претседател на „Мајкрософт“ Бил Гејтс изјави за својот долгогодишен конкурент и пријател: „Во светот ретко може да се сретне човек со толку длабоко влијание, какво што го имаше Стив, чиј ефект ќе се чувствува со поколенија. За нас, кои имавме чест да работиме со него, тоа е огромна чест“.
Џобс ја основа компанијата во 1976 година заедно со Стив Возњак и Роналд Вејн. Тој одигра клучна улога за револуцијата на персоналните компјутери. Тој е отстранет од „Епл“ во 1985 година, што води до пад на компанијата. Нештата одново тргнуваат нагоре откако тој едвај е убеден да се врати во технолошкиот гигант во 1996 година.
Џобс во 2001 година го претстави музичкиот плеер Ајпод (iPod), на тој начин поставувајќи ги основите за излегување и на Ајфон (iPhone) во 2007 година и во 2010 година на Ајпад (iPad).
|