05.10.2011, 14:46 Иванов му додели Орден за заслуги на Турскиот театар во Скопје
Претседателот Ѓорге Иванов денеска и додели Орден за заслуги за Македонија на Националната установа Турски театар-Скопје, за исклучителните резултати во долгогодишната дејност во областа на драмската уметност, значајниот придонес во градењето на мултикултурата во македонското опшество, како и за развојот и за унапредувањето на пријателските односи и соработката меѓу Македонија и Турција.
- Овој орден е наш аплауз за сите комедии, трагедии, сите антички и современи драми кои ни ги претставивте. Но признанието претствува и охрабрување да продолжите да творите, да ја негувате уметноста, која не познава јазици, граници и поделби. Уметноста е една и универзална, а вие сте дел од неа, рече претседателот Иванов.
Тоа што не прави исклучително горди, додаде македонскиот претседател, е што долгогодината плодна работа на Турскиот театар најдобро покажува дека во Македонија постои почитување на сограѓанинот и вклучување на најдоброто од вредносниот систем на другиот.
- Тоа е моќта на оваа наша земја, која од секое свое чедо бара да биде толерантно и да ја почитува културата на другите. Впрочем, за тоа зборува и фактот што Турскиот театар во Македонија е првит и се уште единствен професионален театар во Европа, кој твори на турски јазик надвор од Република Турција, истакна Иванов.
Турскиот театар Скопје годинава бележи 60 години постоење. Досега е добитник на многу награди во земјава и странство, меѓу кои десеттина награди за режија, за најдобра машка и женска улога, за најдобар млад актер, наградите „13 Ноември“, „11 Октомври...
|