07.10.2011, 09:22 Претседателот Иванов на бизнис форум во Букурешт
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја продолжува официјалната посета на Романија.
На вториот ден од посетата Иванов ќе присуствува на бизнис форум што ќе се одржи во романската Комора за индустрија и трговија на кој пред романските бизнисмени ќе бидат претставени можностите за инвестирање во Македонија.
Шефот на македонската држава ќе оствари средба и со претставници на македонското малцинство во Романија, а со Орден за заслуги за Македонија постхумно ќе ја одликува Лиана Думитреску. Оденот ќе го прими нејзината мајка Константина Думитреску, актуелна претседателка на Асоцијацијата на Македонците.
Иванов, како што е најавено, ќе се сретне и со патријархот на Романската Православна Црква неговото блажество Даниел, како и со префектот и градоначалник на општина Јаши.
|