04.10.2011, 15:10 Момче застрелано во глава во Тетово
Околу 13 часот и 25 минути, денеска 17-годишно момче од тетовското село Слатино било донесено во болницата во Тетово со прострелна рана во главата од која по кратко време починало.
Според првичните полициски информации, момчето било убиено со огнено оружје во вооружен инцидент што се случил на главниот градски булевар во Тетово „Маршал Тито“, во близина на библиотеката.
Полицијата го обезбедува местото на инцидентот каде се врши увид и презема мерки за откривање на сторителот и причините за несреќата.
|