Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп Писма
Економија
09.10.2011, 21:57

Платите ни се многу повисоки од минималната

Штипските текстилци ги демантираат информациите дека кај нив платите се екстремно ниски, до 6.000 денари

Иван Бојаџиски



Штип - Менаџерите на штипските конфекции жестоко реагираат на зачестените информации во кои на јавност�� и' се сугерира дека во овој сектор се исплатуваат ненормално ниски плати, од пет до шест илјади денари. Менаџерите од градот на текстилот тврдат дека се работи за големи бесмислици, односно за информации што не се проверуваат на вистинското место, бидејќи работите не стоеле така како што се информирала јавноста.

Владо Нетков, сопственик на конфекцијата „Милано“, вели дека со ваквите лаги треба да се прекине еднаш и засекогаш, а ако има конфекции што исплатуваат толку мали плати, нивните имиња јавно да се објавуваат кога се коментира состојбата во текстилната индустрија.

„Не може се' да се става во ист кош. Тврдам дека во Штип, град со седумдесетина конфекции во кои работат 7.700 работници, во 95 проценти од нив платите се во границите на нормалата. Не знам за конфекција во која 99 проценти од вработените имаат плата помала од 10.000 денари, а просекот во оваа индустриска гранка изнесува 12.000 денари, иако, барем во мојата фирма, има работнички што заработуваат и до 14.000 денари“, вели Нетков.

Тој се осврнува и на трипартитниот договор, со кој е постигната минимална плата од 8.050 денари. „Во текстилната индустрија не е проблем таа плата да се исплати, и се исплатува. Како бизнисмен со подолг стаж, се прашувам зошто е потребен период од дури три години за да почне да се применува Законот за минимална плата. Што е тоа за кое ние од бизнис-заедницата треба да се подготвиме во однос на исплатата на минималната плата? Мислам дека ќе беше многу логично овој Закон да почне да се применува веќе од првиот ден во 2012 година“, вели Нетков.

И Душко Зенделов, од најстарата штипска приватна конфекција „Штиптекс“, вели дека со таквите информации се нарушува интегритетот на менаџерите во конфекциите. Тој бара, кога веќе јавно се изнесуваат информации во однос на платите во овој сектор, вистината да се бара кај надлежните институции.

„Не знам кому му се потребни овие невистини што влијаат демотивирачки кај менаџерите на текстилните фирми и се поставува прашањето кои се мотивите за таквите негативни информации во однос на платите. Кај нас нема плата помала од минималната, која неодамна е договорена помеѓу социјалните партнери, а не верувам дека таква има во која било од посериозните конфекции во градот. Просекот ни е 12.000 денари. Лично мислам дека тоа не е многу, но текстилот е трудоинтензивна индустрија во која нема големи профити, а платите што се делат се одраз на таа состојба. Во однос на информациите за плати од 6.000 денари, ние само бараме јавно да се објави каде такви плати се исплатуваат, а не сите да бидеме ставани во таа негативна корпа. Кога се дават такви информации вистината нека се побара во УЈП, каде ние редовно, до 15 во месецот, поднесуваме налози за плати и придонеси по сите основи. Кој сака да ја дознае вистинската слика во однос на платите во текстилната индустрија, треба да се обрати на таа адреса“, потенцира Зенделов.

Економскиот аналитичар Стојче Самарџиев вели дека кога штипските конфекционери целата добивка би ја насочиле во секторот плати, тогаш штипските текстилци би имале повисоки плати за 3.965 денари. „Ако тоа се направи, тоа би значело дека фирмите не би имале можност за никаков развој. Тоа би бил чин на самоубиство, бидејќи конфекциите не би биле во можност да инвестираат во нови погони, технологии и работни места, што би било вовед во нивно конечно згаснување и губење на над седум илјади работни места. А дури тоа би било погубно за градот кој економски опстојува благодарејќи на текстилот“, вели Самарџиев. И Самарџиев тврди дека неточните информации за висината на платите кои се пласираат во јавноста можат демотивирачки да влијаат на таа бизнис заедница, поради што најдобро би било, кога такви информации се објавуваат, да се кажува и изворот на тие информации, но и конфекции во кои така мизерно се третира трудот на работниците, ако такво нешто навистина постои.


Статијата е прочитана 2715 пати.

Испрати коментар



Зелик
Пензиските фондови со повеќе можности за вложување
„Виз ер“ лета за Венеција
Нема лабаво со промоторите, да „ловат“ и странски туристи
Повеќе патишта, помалку споменици во новиот Буџет?
Зафировски
Владата ќе избира кој ќе зема од поволните станбени кредити



Никола, 10.10.2011 00:09:29
Просечната плата во текстилната индустрија на ниво на Македонија е околу 9700 денари, според заводот за статистика. Тука се вклучени и платите на менаџерите од оваа индустрија, сметководители и други вработени во фирмата. Претпоставувам дека платата на работничките е околу 9200 денари. Сега, ако во фирмите спомнати во текстот се исплатувале плати од 12000, во други фирми мора да се исплатуваат плати од 6000 денари за просекот да биде околу 9000 денари. Тие што даваат добри плати не треба да се демотивираат, критиките се однесуваат на тие што даваат ниски плати. Сигурно ги има. А точно е дека во текстилната и кожарската индустрија платите се најниски. Ова според заводот за статистика.
Јован, 10.10.2011 00:57:58
Јас ги молам синдикалните лидери да ја кажат нивната плата. Ова што го договорија е срам за работникот. ако е минималната плата 8.050 денари нивната плата треба да биде 12.000 денари. јас ги повикувам јавно сами да си ја кажат платата, во спротивно јас знам колку зимат синдикалните лидери и јас ќе им ја кажам.
Dejan, 10.10.2011 04:35:24
Vo Stip platite na tekstilcite se okolu 12000 denari.Toa go zanm zatoa sto imam prijateli koi imaat tekstilna fabrika vo Stip, ama znam i deka mnogu lugje od Vinica i Kocani doagjaat vo Stip i tamu naogjaat stan za da rabotat za takva plata,koja vo Kocani a posebno Vinica ne mozat ni da ja sonuvaat. Vo Vinica imase do pred mesec dena plati od 5000 den.Proverete tamu.Sestra mi rabotese vo takva konfekcija, a sopstvenik e mazot na edna od glavnite pazarni inspektori vo gradot,koja site gi kaznuva a nea nikoj ne moze da ja kazni.
toni, 10.10.2011 09:55:06
vo kratovo vo tekstilnata industrija zimat i po 4000do 6000 den zenite a rabotat po cel den i toa sekoj den,nemat nikakvi prava i skoro site se na crno ne se prijaveni,nadlezniot trudov inspektorat si molci i ne si ja vrsi rabotata i so toa gazdite si terat po svoe i gi eksploatirat rabotnicite,ista sudbina e i vo novata fabrika za konduri vo kratovo kade isto taka se neprijaveni rabotnicite,zimat maksimum do 6000 den plata i toa im kasnat po eden ili dva meseci,nemat nikakvi uslovi za rabota a toa sto lepakot e otroven i mirisa celiot pogon i se trujat site tamu nikogo ne zasega...ednostavno site nadlezni inspektori vo kratovo si molcat i ne si ja vrsat rabotata...se dodeka molcat vrabotenite se ke bide taka.
Трпе, 10.10.2011 10:46:53
Гарант дека платите на работниците во РМ се многу поголеми.Ама нашиот каков таков народ се однесува како змијата не сака да ги покаже нозете.Ако ја кажат вистинската плата веднаш цените во продавниците ќе рипнат над европските.Затоа и НБ под директива на бладата вештачки го држи курсот на еврото.Просечната плата која е најниска би била уште пониска,сигурно околу 230 евра а загарантираната плата околу 100 евра.Македонски народе не гледај каква ти е состојбата само слушај што ке ти кажат.Штом кажуват дека супер се живее и ти така се однесувај.
svetlana, 10.10.2011 13:56:49
Hi Boe, citam i ne mozam da veruvam za kolku mali plati se raboti tolku teska i odgovorna rabota. Dali e toa e nedlna, dvonedelna ili ne daj boze mesecna plata??? Pozdrav
Alek, 10.10.2011 22:03:37
Vo farmacijata e preku 12.000 denari, ama ako se odbijat onie na onoj sto zel 65.000 evra mesecna plata i nemu slicni, togaj sami izracunajte kolku e realniot prosek. Taka i vo takstilnata i kozarskata industrija. Razni sefovi/ci so sredna pa i osnovna skola zemaat nenormalni plati, a rabotnicite (cesto i so VSS) rabotat preku 50 saati za da zemat kako oni velat, prosek od 12.000 denari. Sto ne kazat kolku e rabotnoto vreme, dali imaat odmori, boleduvanja i sl. i kakov e nivniot odnos kon tie rabotnoci.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


 
Најнови вести
Време
Скопје, 1°C

Претежно облачно

Понеделник
Сончево
Макс: 9°C, Мин: -4°C

Вторник
Делумно облачно
Макс: 9°C, Мин: -5°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани


Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |