06.10.2011, 12:30 Исчезнатиот Македонец во Австралија пронајден мртов
Триесет и осумгодишниот Македонец Мите Наумовски, кој десетина дена се водеше како исчезнат, денеска е пронајден мртов во подземен паркинг во Ривервејл, Австралија.
Четири лица се притворени во Перт под сомнение дека се поврзани со исчезнувањето и смртта на Наумовски.
За Наумовски, медиумите во Австралија, тврдат дека два пати бил во затвор за продажба на дрога и оти последното, најново обвинување, е во врска со грабеж и помала кражба.
Мите Наумовски, кој последен пат бил виден на 25 септември, на 20 октомври требало да се појави во Судот за прекршоци во Перт поради грабежот и кражбата.
|