Хороскоп
ОВЕН
Откривте некои скриени страни на вашата љубов и не сте баш одушевени. Сепак, не заборавајте дека не постои идеален партнер! Тоа што го дознавте е, всушност, последица на неговата несигурност, која лесно може да ја решите: не штедете ги комплиментите.
БИК
Ве измачува еден проблем, а вие сте до бесвест неодлучни. Ако се работи за изнајмување стан, немојте да се мислите, туку едноставно изнајмете го. И така вашите размислувања за купување сопствен стан нема да се остварат во блиска иднина.
БЛИЗНАЦИ
Бидете поактивни и извршете колку што можете повеќе работи одеднаш, зашто доколку и' дозволите на средината - ќе ве фрли во депресија. Испланирајте вечерно излегување и забавувајте се. Направете ја вечерта посебна и поканете ја личноста со која сте биле порано во врска.
РАК
Предизвикувате огромно внимание во вашата околина. Размислете малку повеќе околу новите познанства во текот на викендов. Иако на прв поглед ви изгледаат несериозни, со малку подлабока анализа ќе заклучите дека се квалитетни.
ЛАВ
Потпрете се на помошта од партнерот кој може да ви објасни се' што ве интересира. Обврските што ги имате во последно време го загрозуваат вашиот приватен живот, но немојте да седите и да кукате, туку обидете се паметно да го организирате времето.
ДЕВИЦА
Ќе уживате во топлината на семејниот дом и ќе им досадувате на најблиските со вашите невозможни барања. Наместо да им се качувате на глава, направете нешто убаво. На пример, згответе вечера и уживајте заедно во храната и во пијалакот.
ТЕРЕЗИЈА
Една случајна средба ќе ги размрда вашите мисли и сеќавања. Не вртете се кон минатото и не заморувајте се со глупости. И така не знаете што мисли другата страна. Наместо тоа испланирајте како да минете пријатна вечер со личноста за која знаете што мисли и чувствува кон вас.
СКОРПИЈА
Зошто се плашите од осамостојувањето, а автоматски со тоа и од одговорностите? Па, вие сте во состојба да се носите со сите проблеми и да направите се што треба, само што мора малку да се контролирате. Иако планирањето звучи досадно, сепак, може да ве спаси од катастрофа.
СТРЕЛЕЦ
Се наоѓате на прагот на промена на работниот статус. Иако не ви се допаѓа новиот деловен предлог, се гушите со идејата дека може да направите нешто на свој начин. Релаксирајт�� се малку со прошетка, па макар и низ градот.
ЈАРЕЦ
Немојте да ги брзате работите зашто тоа ќе биде контра продуктивно. Некои нешта, посебно ако се работи за работата, мора да се развиваат сами по себе. Обидете се викендов привремено да заборавите на животните и деловни проблеми.
ВОДОЛИЈА
Неодамна се најдовте во многу непријатна ситуација која ја решивте на најдобар можен начин. Со тоа им покажавте на сите дека сте доследни на своето. Се менува и односот на луѓето кон вас. Искористете ги поволните моменти во сите животни сфери...
РИБИ
Викенд! Забави и излегувања! Супер! Веројатно и партнерот ќе ги поддржи вашите луди идеи, а згора на нив ќе додаде и свои. Искористете го тоа и минете го времето како што сакате. Не размислувајте параноично за последиците. Ништо нема да се случи.
|