Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Печатено издание
Политика Македонија Економија Хроника Коментари Свет Култура Спорт Скопје Забава Хороскоп
Коментари
06.10.2011, 17:56

Мислења

11 Октомври – борбата продолжува!

Гордан Георгиев

Антифашистичка борба мора да биде точка на обединување на сите граѓани, независно од партиска, религиозна или етничка припадност

ОЧИ ШИРУМ ОТВОРЕНИ

Пред точно една година, во очи на еден од најголемите денови на македонскиот народ, 11 Октомври, напишав колумна во „Утрински весник“ со наслов „За што загина Оцка?“ Во тој текст, многу интимен за мене, ја опишав смислата на борбата и положениот живот на дедо ми Ордан Михајловски-Оцка, кој во 1942 година, заедно со уште десетина тинејџери, загина во заседа од бугарскиот окупатор во настанот историски опишан како Трагедијата во Ореовската корија. Деновиве, Република Македонија и целиот македонски народ ја слави 70-годишнината од почетокот на борбата против фашизмот.

За помладите кои можеби и не знаат, но и за постарите кои можеби подзаборавиле, сакам да ги потсетам дека периодот од 1941 до 1945 е најсветлиот период во историјата на македонскиот народ. Тоа е период кога Македонците се приклучија на антифашистичката борба и кога самосвесно и сами се изборија за своја држава. Тогашните прогресивни сили имаа потполна свест за потребата за осамостојување на Македонија и посебност на македонскиот народ. Во тие околности, кога и Бугарите и Србите беа жедни за ова парче земја, веруваме дека нашите дедовци и баби го извлекоа максимумот. Денешната Република Македонија влече директен историски континуитет од настаните пред участокот во Прилеп на, 11 октомври 1941 година, од првата пушка во Куманово и многу други знајни и незнајни настани од тој период. Оној што се обидува да го негира или омаловажува овој период покажува неверојатно ниска свест за државноста и самобитноста на македонскиот народ. 8 Септември, пак, е ставање точка на сите останати апетити и геополитички интереси и покажување недвосмислена волја (изразена на референдум) на македонскиот народ за создавање на независна и суверена Република Македонија.

Од 11 Октомври 2010 година до 11 Октомври 2011 година во Македонија се случија повеќе клучни идентитетски настани кои лесно и недвосмислено ја покажуваат тенденцијата на сегашнава старо-нова Влада за прекројување на историјата. Проектот „Скопје 2014“ ги добива своите завршни контури. Гледајќи отстрана, ќе видиме дека доминантни аспекти на тој проект се мегаломанскиот споменик на Александар Велики, наспроти минијатурните на Гоце Делчев и Даме Груев, како и огромниот комплекс Музеј на ВМРО наспроти запуштениот споменик на паднатите борци пред Владата. Да не зборувам за целокупната „антиквизаторска“ естетика на останатите објекти од „Скопје 2014“. Во меѓувреме, дознаваме дека на учениците од основните училишта ширум земјава ќе им се организираат едукативно-туристички посети на Музејот на ВМРО. Многу ме интересира што ќе им каже кустосот на музејот на младите дечиња кога ќе застанат пред фигурата на Ванчо Михајлов и какво историско место ќе му се најде на овој соработник на фашистите и близок пријател на Анте Павелиќ. Каква ќе биде „пропорционалната“ историска големина на Александар Македонски наспроти Гоце Делчев, Даме Груев или Ченто? Што ќе им се вбризга во главите на малите деца и како тие понатаму ќе ја перцепираат македонската историја? И конечно, како нашата младина ќе има свест за значењето на антифашистичката борба ако на 8 Септември се величаше независноста на Република Македонија во еден несомнено антички контекст (без историско чувство за вистинското значење на независноста на нашата држава), а 11 Октомври се прославува мошне скромно, без некаков посебен интерес од страна на Владата?

Јас тврдам дека ваквото создавање инстант-историја го ослабува македонскиот идентитет, не го зајакнува. Некои работи за кои само до пред пет-шест години сме мислеле дека се силно врежани во нашата колективна свест сега се негираат или прескокнуваат со директна асистенција на Владата. Во меѓувреме, живите наследници на антифашистичката борба се ставени на маргините на општеството, Сојузот на борци мака мачи да излезе на крај со финансиски и просторни проблеми, бистите на народните херои во Градскиот парк веќе неколку години зјаат обезглавени, а на само стотина метри од таму се градат прескапо платени лавови, бикови и шмизли.

На младите генерации треба да им се објасни дека идентитетот и историјата се градат преку континуитет, а не преку дисконтинуитетни резови и копи пејст-историја. На вашите деца треба да им објасните дека македонскиот јазик не е испишан на каменот од Розета, туку е прогласен за официјален на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година, а влече континуитет од словенските просветители, па до денес. Дека Македонската православна црква е прогласена за автокефална во „комунистичката“ 1967 година и дека зградата на Архиепископијата и Соборниот храм во Скопје во огромен дел е финансиран од членарината на Сојузот на комунисти на Македонија. Таа иста црква, а не паганството на Александар, е од најважните идентитетски стожери на оваа македонска нација.

Сите ние, претходните и идните генерации на Македонци сме наследници на сите учесници во НОБ и треба да веруваме и да се бориме за остварување и зачувување на нивните идеали за слобода, рамноправност и сувереност. И оваа антифашистичка борба мора да биде точка на обединување на сите граѓани, независно од партиска, религиозна или етничка припадност.

Затоа, да немаме дилеми дека илјадниците борци кои загинаа во текот на НОБ ги положија своите животи за да можеме ние, денес и тука, во независна Македонија, да живееме во слободата која тие на крвав начин ни ја овозможија. Сите обиди за релативизирање и минимизирање на таквите придобивки недвосмислено ги ставаат таквите негатори од другата страна на барикадите. На поразената, фашистичката страна.

(Авторот е пратеник)


Статијата е прочитана 2130 пати.

Испрати коментар



Петте минути на Најдовска
Почит кон првиот претседател
Готвачи на туѓи манџи
Рампата на Руфи



jovan, 07.10.2011 00:33:42
11 Oktomvri e golem praznik za ovaa drzava, no se mislam deka ke go obelezat dosta tivko (a moze i da go preskoknat), od pricina sto vo EU preovladuva cetvrtiot rajh, a nie sme slepi poslusnici na Brisel,pa ne smeeme da gi navredime so proslavi na nekakvi si komunisticki/antifasisticki vostanija i pobedi.Isto taka ne smeeme da gi navredime i Bugarite nasite veciti osloboditeli, a i nivnite podrzuvaci i slugi ovde koj dosta zajaknaa pa nema da dozvolat da gi podsetime sto im se sluci vo vtorata svetska vojna. No tie ednas bea katastrofalno porazeni, pa nema da bide tesko toj poraz da im se poftori uste ednas.Rabotite koj se izmestija,ke si se vratat povtorno na zasluzenoto mesto.Ovoj praznik mozebi ke bide dobra prilika da vidime sto e sto i koj e koj a i do kade sme.
gimi, 07.10.2011 00:43:47
Некои работи изгледа не ти се јасни.На 11 октомври 1941 година Македонците се приклучија на антифашистичката борба и направија обид за своја самостојна држава.Таа самостојност ја имаа само делумно затоа што беа во федерација со уште 6 републики и 2 автономни покраини.Центарот на моќ беше во Белград и од таму се носеа клучните одлуки за сите републики и покраини.Вистинската самостојност и независност се случи на 8 септември 1991.Дали знаеш што се случи со Македонците кои учествуваа во НОБ од почетокот ,а по завршувањето на војната се залагаа за самостојма Република Македонија?Што се случи со Методија Андонов Ченто , со Панко Брашнаров и тн.? п.с. Помини во Прилеп да видиш како изгледа новиот лик на Участакот и споменикот на Кузман Јосифоски Питу.
Vineam Makedonski, 07.10.2011 01:40:07
Koga ednas ke razberes deka istorijata se gradi so kontinuitet od 10 vek pred nasata era so Filip ll sleduva sin mu Aleksandar podelbata na Makedonskata inperija, Rimjanite , Vizantijcite i Makedonskata dinastija vo Vizantija sozdavanjeto na Samoilovoto Makedonsko carstvo sirenjeto na makedonskata kulturu vo svetot so kirilicnoto pismo, vostanija vo razlicni periodi ke go spomenam Karposevoto i Ilindenskoto so 11 oktomvri pa do ASNOM koj e prodolzenie na istorijata na kamenot od Rozeta koj sto go negiras a samiot neznaes zosto, so 08.09.1991 i ostvaruvanje na vekovniot son na Makedonecot sozdavanje na Makedonska drzava na edno parce zemja od etnicka Makedonija site periodi se vazni i razmisli malku vo koi godini od vtorata svetska godina zaginale Makedonskite heroi i na kakov nacin zaginale, zaginale od najgolemoto zlo predavstvata da ne nabrojuvam gi ima mnogu neka im e vecna slava na site Makedonski heroi od pred nasata era pa do den denesen se borele i ke se borat za Makedonija ...
миле, 07.10.2011 02:18:19
еве заради ваквите не гласам за СДСМ. што му се криви ванчо михајлов и черноземски и александров кои убивале србски функционери..нели и србите биле окупатори? што му требаат вакви партизански приказни, кога партизан се станувало со 2 сведока (и тоа само заради стан у центар и добра работа)!
mene, 07.10.2011 02:59:09
Ovaa kolumna treba da ja ispecatite vo vid na brosura i da im ja podelite na site VMRO vci da naucat nesto
Дедо, 07.10.2011 05:12:01
Во сé се согласувам со авторот, освен во едно. Изградбата на Архиепископијата и на Соборниот храм не беа финансирани од членарината на СКМ, туку од буџетот на СР Македонија. И тоа не во огромен дел, туку во целост. Значи, изградбата ја финансираа СИТЕ даночни обврзници во СР Македонија, меѓу кои и членовите на СК, но од нивните плати, а не партиска членарина.
Петар, 07.10.2011 05:56:54
Господине, при посетата на музејот на ВМРО децата ќе се запознаат, на пример, со скриваното „Тиквешко Востание“. Не 11 октомври, туку 19 јуни 1913 е голем ден во Македонија, бидејќи после поделбата и окпуацијата на Вардарска Македонија од страна на Србите, на 19 јуни 1913 година во Тиквешкиот регион нашиот народ се дига на востание против Србите. Тоа востание е организирано од војводите на ВМОРО. При задушувањето на востанието Србите вршат невидени масакри. Бројот на загинатите надминувал 1000. Стотици мажи, жени, деца и старци се убиени, заклани и живи изгорени. Повеќе од илјада куќи се запалени и опустошени. 150 Македонци од Кавадарци се врзани на колје во центарот на кавадарци и после 30 часа под жешко сонце заедно со уште 50 други се масовно стрелани од страна на српските окупатори. Дали вие г-не го одбележавте ова востание?!
Александар М., 07.10.2011 08:22:57
Дедо ти Оцка се борел за Македонија, а не за интересите на десетина луѓе од врвот на некоја партија. Ти што работиш и за што се бориш? За Македонија?
Istocna Makedonija, 07.10.2011 08:25:05
E Gordane,delata niz turbelentnata makedonska istorija ne se merat si dimenziite na pametnicite na istoriskite li;nosti,Da,11 Oktomvri-Denot na na rodnoto i antifasisticko vostanie e svetol istoriski den za Makedonija,no kako kontimuitet na gole- miot Ilinden 903,pa i prethodnite Karposevo,Raz lovecko,Kresnensko vostanie ,se do aktuelnite nastani na naseto osamostojuvanje i nezavisnost Tuka nema partiska agenda i propaganda!Istoris kite licnosti na eden narod,po pravilo,imaat svet lo-crni damki i nema idealni.Nema navivanje!
Mirko, 07.10.2011 08:58:16
Za zal, mladite smetaat deka drzavata nastanala so osamostujuvanje 1991 godina, a zaboravaat koga vsusnost i nastanala kako republika vo sostav na SFRJ od 1943. godina. Kratka pamet-kratko pametenje.
Do Vineam, 07.10.2011 08:58:27
Brat. pojma nemas od istorija- a pred Filip?? Bil dedo mu na Filip, tetka mu, bratucedite?! A pred niv majmunite od Odiseja 2001na Kjubrik, ne nasata), a pred niv dinosaurusite, a pred niv amebite! E sega koi sme i cii sme momce mlado?
от Пиринска Македониа, 07.10.2011 09:39:45
Сакам да прашам сите партизани овде дали знаат дека начело на бугарската фашистичка воjска во еден период е еден генерал на име Кирил Jaнчулев. Знаете ли дека е роден он? Во Прилеп... П.С. Потераjте и за Ген. Александър Попдимитров от Кратово. Сега барем е лесно кога веке има интернет...
Nikola, 07.10.2011 10:55:22
Poveke za ovie nastani - http://en.wikipedia.org/wiki/Metodi_Shatorov
Booooring, 07.10.2011 11:02:15
Boooooring booooring boooring do besvest, aman razbudete se vekje ednas. to pa to, demek 45 sme. demek borba protiv fasizmot i nacizmot, od kafichite vo Debarmaalo so dzipoite od po 50 iljadi evra ke se borat za makedonskite proleteri. Komunizam demek. Pravdina demek, koj ne ve znae be...
ФЕЛИКС, 07.10.2011 12:17:08
Одсаствува повикот за ,,востаничка жешка есен,, како лани во ова време.Тогаш поаѓавте од Прилеп а ден пред тоа ве претрка коалициониот партнер од Куманово.Вероватно сте поучени од поразителното искуство па имате сега друга стратегија.Досега успешно ја сокривате а некој тоа сокривање ви го прип��шува на политичката,,заспаност,,.Инаку кога се се споменува АСНОМ авторот не коментира како завршија некои од највидните членови на тогашното преседателство па и самиот преседател.
Itar Pejo, 07.10.2011 16:32:48
Site se cukaat vo gradi a nikoj da ni objasni kako od Vardarska Banovina se sluci Narodna Republika Makedonija? Dali toa bese idea na Tito ili nekoj go ubedi? Lazo iki Cento ili Penko ? Ili Tempo, koga dojde i vide kolku silna borba se vodi protiv okupatorot ? Jas znam deka vo Jajce, kade sto e donesena oficijalnata odluka makedonskite delegati ne stinale? Do koga beli stranici vo istoriata. Ve prasuvam PATRIOTI: koga i koj ja donesol odlukata ???
do Gordan, 07.10.2011 17:31:53
Figurata na Vanco Mihajlov vo muzejot ne e obozavanje kon nego.Toa e samo odbelezuvanje deka deluval vo odreden period.Vo muzejot ke ima i figuri od Tito,od Kolisevski i nivnite figuri se poradi spomeni za tie licnosti.Vo muzejot za vostani figuri vo London ima figura na Hitler.Znaci za tebe Gordan ne e jasno zosto angliskite ucenici ili bilo koj odat kaj vostanata figura na Hitler.Spored tebe nikoj Anglicanec ne smee da se doblizi do figurata na Hitler,bidejki bil neprijatel na Britanija.I Mihajlov bil neprijatel na Makedonija,no vo muzeite vo svetot se i figurite od neprijatelite na drzavite.
goran, 08.10.2011 02:46:40
sugeriras vrakanje na komunizmot ili ne ubeduvas deka svetot nastanal so kumunizmot vo 1945? ili vie kako naslednici na komunistite, i samo vie, imate ekskluzivno pravo da vladeete so makedonija? a zosto ti go preskoknuvas ilindenskoto vostanie i podelbata na makadonija vo 1912-1913? sto e za tebe ukinuvanjeto na ohridskata arhiepiskopija 1762 god? koi se tvoite stavovi za car samoil? i na kraj toa sto drobis za anticka makedonija e popara za ednoumieto, a takvi ovci za sisanje veke nema vo makedonija. prodavas nesto niz tvoite kolumni sto dokazuva deka TI imas problem so istorijata na makedonija, zosto? vakvi kako tebe voopsto ne treba da bidat na vlast zatoa sto ne se sposobni da se soocat so vistinata. a vistinata ne e takva kako sto ti ja pretstavuvas. goli otok e dokaz za toa.

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 13°C

Претежно облачно

Вторник
Делумно облачно
Макс: 17°C, Мин: 7°C

Среда
Делумно облачно
Макс: 23°C, Мин: 8°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
 
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |