07.10.2011, 11:47 Три жени добитнички на Нобеловата награда за мир
Наградите за либериската претседателка Елен Џонсон-Сирлиф, нејзината сонародничка Лејмах Гбови и јеменската активистка за женски права, Тавакул Карман.
Добитници на овогодишната Нобелова награда за мир се либериската претседателка Елен Џонсон-Сирлиф и нејзината сонародничка Лејмах Гбови кои ги мобилизираа жените против граѓанската војна во Либерија, како и јеменската активистка за женски права и демократија Тавакул Карман, соопшти денеска Кралската шведска академија на науките.
Престижното признание претставува силен поттик во корист на борбата на жените за поголеми права во светот, особено во земјите во развој.
|