15.11.2011, 13:20 Сандра Булок во врска со Кијану Ривс
Новата холивудска двојка се познава цели 17 години, тврдат добро известени извори.
Сандра и Кијану се познаваат веќе 17 години, но нивното пријателство дури неодамна прерасна во нешто повеќе. Тие двајцата се запознаа на снимањето на филмот „Брзина“ и веќе 17 години се пријатели.
Пријателите на познатиот пар откриле дека актерите својата врска ја започнале уште во септември, како и дека се многу среќни, но не сакаат својата љубов да ја експонираат во јавноста.
|