16.11.2011, 15:04 Отказ за Хидинк и 3,2 милиони евра отштета
Холанѓанецот веќе не е селекторот на Турција, вчера не се ни врати со тимот во Истанбул.
Фудбалската федерација на Турција реши да го раскине договорот со Гус Хидинк. Но, нема да мора да ја плати споменатата отштета од 25 милиони евра, туку со Хидинк е договорена сума од 3,2 милиони евра за наредните осум месеци. Хидинк во година и три месеци колку што работеше на клупата на Турција заработи најмалку 10 милиони евра. На Турците посебно им пречеше што Холанѓанецот не се врати во Истанбул заедно со репрезентативците по мечот во Загреб. Од нив се прости во соблекувалната.
|