18.11.2011, 11:45 Деми Мур: Мојот брак се Качер е готов
Американската актерка Деми Мур соопшти дека нејзиниот брак со 16 години помладиот колега Ештон Качер е завршен.
Мур (49) и Качер (33) се венчаа во септември 2005 година, а нивниот брак стана тема на таблоидите поради гласините дека актерот е неверен.
- Со големо жалење и тешко срце одлучив да го завршам шестгодишниот брак со Ештон. Како жена, мајка и сопруга постојат одредени вредности и завети кои ги сметам за свети и поради тоа одлучив да продолжам со својот живот. Оваа е тешко време за мене и моето семејство, поради тоа од вас барам исто сочувство и приватност, која би му ја пружиле на секој кој проаѓа низ слична ситуација, се наведува во соопштението на Мур.
Во исто време Качер на Твитер напиша дека „бракот е една од најтешките работи во светот и за жал понекогаш не успева“.
Мур претходно 13 години беше во брак со актерот Брус Вилис со кого има три ќерки.
|