17.11.2011, 13:42 Ејми Вајнхаус ги напишала сите песни за третиот албум
Соул пеачката Ејми Вајнхаус ги напишала пред смртта сите песни за својот трети албум, дури и ги избрала имињата на песните.
- Таа напишала се што сакала да направи, рече музичкиот продуцент Салам Реми, додавајќи дека Вајнахус не брзала да го заврши новиот албум.
Само две песни кои пеачката ги напишала се снимени и ќе се најдат на нејзината компилација „Лајонс: Хајден трешарс“ (Lioness: Hidden Treasures) која ќе излезе во продажба на 5 декември во Велика Британија, а малку подоцна и во САД.
Вајнхаус почина од труење со алкохол на 27 годни. Нејзиното тело беше пронајдено во нејзината куќа во Лодон на 23 јули годинава.
Реми кој работеше на двата нејзини албуми „Френк“ (Frank) и „Бек то блек“ (Back to Black) истакна дека Вајнхаус била перфекцвониста во компнирањето музика.
- Таа целото свое време го поминуваше работејќи на тоа и на крајот на денот сите нејзини песни на некој начин се автобиографски, појасни тој додавајќи дека таа морала нешто да доживее, да размисли за тоа и потоа да пишува за тоа.
Реми исто така изјави дека би сакал да го објави новиот материјал на починатата пеачка пред да го направи тоа некој друг.
|