Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Магазин
17.11.2011, 13:46

Наградата од Лоѓ е значајна за нашата вербa



Пет минути интервју: Саша Ефтимова, балерина и кореограф

Катерина Богоева

Деновиве се вративте од полскиот град Лоѓ, со освоен Гран при на петтиот Интернационален натпревар за кореографија, во конкуренција на 14 натпреварувачи. Со што се претстави Македонската опера и балет?

- На овој Интернационален натпревар по кореографија во Лоџ, направив ново парче што се вика „Give up the Ghost“ („Испуштање душа“) кое што понатаму планирам да биде дел од трилогијата на претставата „Изгубена верба“. Морав да направам нова кореографија затоа што во пропозициите на овој фестивал бараа ново, до сега неизведувано парче. Откако го поминавме првиот круг, бевме селектирани за финале, каде што се натпреварував со кореографи од Холандија, Германија, Русија,Украина и др.земји од светот. Музиката за кореографијата е на Милан Димушевски, млад талентиран македонски музичар, кој моментално работи на музиката и за вториот дел од „Изгубена верба“.

Настапивте без балерината Мими Поп Алексова. Што значеше тоа за вас како кореограф, што мораше да промените за публиката но, и вие како дел од балетската екипа да ��е го почуствувате нејзиното отсуство?

- Навистина ми е многу жал што Мими се повреди три дена пред да заминеме. Тоа многу се одрази на мене како кореограф и нормално, влијаеше на екипата. Мораше да се прават измени. Цело време бевме под стрес, дури во еден момент мислевме да се откажеме. Но по долго размислување и советување од еден врвен педагог кој работи во странство, решивме да одиме. Ако не отидовме, ќе ја пропуштевме убава награда, која е многу значајна за мене и за мојата екипа. А верувам и за мојата национална куќа.

Во последен момент морав да менувам некои работи кои мене повеќе би ми лежеле, затоа што јас ја заменив Мими. Со напорно работење, со неизлегување од сала, на крајот се закитивме со наградата, а Мими беше духовно со нас цело време.

Дали на изјавата на членот на жирито, Гркот Алкис Рафтис дека „му било чудно но, и драго што од малата земја Македонија доаѓа таков кореограф“, некој се обиде да и даде дневно - политичка нота?

- Не би требало да ја врзуваме политиката со уметноста.Одевме под нашето уставно име Македонија, и сите така ни' се обраќаа. Драго ми е што Алкис Рафтис, претседателот на ЦИД УНЕСКО ни ја даде највисоката оценка и потврди дека во една мала земја, како Македонија има голем потенцијал и талент. Имавме позитивни критики од сите членови на жирито кои беа од Германија, Украина, Франција и Грција.









Статијата е прочитана 579 пати.

Испрати коментар



Калиопи ќе не претставува на Евросонг 2012!
Како навистина умре Натали Вуд
Промовирана „Македонија во транзицискиот тунел“
(ИНТЕРВЈУ) Важно ми е да работам и во Македонија
Викендов две претстави на Скопје танцов театар
Концерт на „Скопје конекшн“ со Ернст Реијзегер на виолончело
Деми Мур - Мојот брак се Качер е готов
Ејми Вајнхаус ги напишала сите песни за третиот албум
Промоција на „Кино Неимар“ и „Пит кралски“ од Горан Тренчовски
„Kантон 6“ и „Проект 2501“ на оф-програмата на „Таксират“
Потпишана програма за културна соработка со Кина
Македонски фолклор на Вренцоска во Пекинг
Македонка на финалето на Мис на сите нации во Кина
Списанието „Џи Кју“ ја стави актерката Мила Кунис меѓу мажи
Саша Ефтимова наградена за кореографија во Лоѓ
Голи слики на Кели Брук како доказ за „Твитер“
Сандра Булок во врска со Кијану Ривс
Настапи на Владимир Четкар во Њујорк и Чикаго
Актерот и режисер Лазар Ристовски гостин на „Синедејс“
Ана ги усреќи Пандеви
Мајка и ќерка во реклама за долна облека
Дебелиот Џо на „Таксират“
Награда за „Мајки“ на филмскиот фестивал во Минск
Били Кристал ќе ја води церемонијата на доделување Оскар
Стариот театар ќе стартува со „Вечната куќа“ на Плевнеш
Почина великанот на српското глумиште Петар Краљ
„Рокенрол“ од Приштина најдобра претстава на „Скупи“
(ФОТО) Никогаш не е доцна да се сака Давид Албахари
Почнува 10. фестивал на европски филм „Синедејс“
Зоран Попоски со видео проекции во САД и Русија
Морган Фримен добива Златен глобус за животно дело
Мадона бесна што новата песна и се појави на Интернет
Култниот писател Давид Албахари гостува во Скопје
Стартот на Ал Џезира Балканс нема да се види во Македонија
Ријана не го крие вистинското лице
Турскиот новинар и режисер Џан Дундар, гостин во Скопје
Недела на современ словенечки филм во рамки на „Синедејс“
Нападнат актерот Јовица Михајловски
Кои се голите украински протестантки?
„Кајзер чифс“ доаѓаат на Таксират!
Снимајте филм на мобилен телефон
(ФОТО) Четворен триумф на Лејди Гага
Сирачето од Венецуела стана најубава жена во светот
„Панкот не е мртов“ со награда на фестивалот во Котбус
Биографијата на Стив Џобс најпродавана книга
Спомен куќата на Тоше Проески победи!
Мадона лансира нова модна линија
„Мајки“ на фестивалот на европски филм во Севиља
Мимоза Несторова Томиќ, вечерва ќе ја прими наградата „Андреја Дамјанов“
Ѓоко Танески доби втора ќерка!
„Битлсите“ го избегнуваат синот на Џон Ленон
„Калигула“ на Зоја Бузалковска во Прилепски театар
Спомен куќата на Тоше пред огромен триумф
Затворската казна за Линдзи Лохан одложена поради „Плејбој“
Голите фотографии на Скарлет Јохансон наменети за Рајан Рејнолдс
Промоција на „Црногорска трилогија“ од истакнатиот новинар Драган Николиќ
Заколнатиот ерген Хју Грант стана татко
Отворање на Неделата на францускиот филм
Филмови, музика и многу гости на „Синедејс“
Стартува едукативна програма за танцот кај децата
Прва фотографија од брачната двојка Саркози со ќерката Џулија
Почнува Фестивалот за електронски уметности во МСУ
Тајниот албум на Ејми Вајнхаус излегува на 5 декември
Пикасо и Матис неделава ќе заработат 400 милиони долари
Гоце Смилевски е откровение што доаѓа од Македонија
Мајкл Џексон бил полн со ботокс и аналгетици
Несекојдневно звучно патување со култниот „Метрополис“
„Лебедово езеро“ ги отвора „Есенските музички свечености“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) „Универзална сала“ со песна го прослави 45. роденден
Заврши снимањето на „Трето полувреме“
Нови простори за современиот танц
Со „Метрополис“ на Фриц Ланг вечерва назад во иднината
Мики Манојловиќ ќе игра во „Бучно“ на Анета Лешниковска
Силвестер Сталоне обвинет за крадење на сценарио
Премиера на „4.48 Психоза“ во режија на Ѓорѓи Јолевски
Почнува „Локомоушн“ - фестивал за современ танц и перформанс
Мадс Микелсен добитник на наградата на Европската филмска академија
„Метрополис“ на Фриц Ланг во МОБ
Пет Метини направи вистинско шоу
Линдзи Лохан позираше гола за „Плејбој“
(ФОТОГАЛЕРИЈА) Витоуш разочара, Лојд воодушеви

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, -5°C

Магла

Понеделник
Сончево
Макс: 11°C, Мин: -5°C

Вторник
Магла
Макс: 11°C, Мин: -3°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |