18.11.2011, 11:43 Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Дваесет и едногодишниот Оскар Рамиро Ортега-Ернандес, кој беше уапсен под сомневање дека два пати пукал кон Белата куќа минатата седмица, беше обвинет денеска за обид за убиство на претседателот Барак Обама или на член на неговиот Кабинет.
Обвинението беше соопштено од федералниот суд во Питсбург, но случајот ќе биде префрлен на федералниот суд во Вашингтон.
Ортега-Ернандес, кој е од латиноамериканско потекло, беше уапсен вчера во мотел во гратчето Индијана во државата Пенсилванија.
За време на пукањето претседателот Обама и неговата сопруга Мишел не биле во Белата куќа. Еден од куршумите, истрелани од напаѓачот, паднале во прозорец со непробојно стакло на фасадата на Белата куќа. Траги од куршуми биле откриени и по ѕидот на западното крило, каде што живее семејството на претседателот.
Се претпоставува дека Ортега-Ернандес избегал од местото со автомобил, кој подоцна беше најден од полицијата. Во автомобилот беше пронајдена автоматска пушка.
Ако биде прогласен за виновен, Ортега-Ернандес може да биде осуден на доживотен затвор.
|