17.11.2011, 12:48 ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Комисијата за надворешни работи на Европскиот Парламент денеска даде зелено светло за влезот на Хрватска во ЕУ.
Европратениците, членови на комисијата со огромно мнозинство на гласовите ја усвоија предлог-резолуцијата за Договорот за пристапување на Хрватска во ЕУ и резолуцијата за барањето на Хрватска за членство во ЕУ.
Двата документи, кои денеска беа усвоени од Комисијата за надворешни работи на ЕП, ќе се најдат на пленараната сесија која ќе се одржи на крајот од месецов и почетокот на декември во Брисел, со што ќе биде дадено официјално „зелено светло“ за членство на Хрватска.
По согласноста на ЕП, Хрватска треба да добие одобрение и од Советот на ЕУ, по што се очекува на 9 декември, непосредно пред Самитот на шефовите на држави и влади на 27 земји членки на ЕУ, да дојде до свеченото потпишување на договорот за членствотот на Хрватска во ЕУ, со што таа ќе стане 28 земја членка на ЕУ.
|