17.11.2011, 14:39 Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Во несреќата, во која учествуваа „опел омега“ со скопска регистрација и цистерна „сканија“ со кумановски таблички, повредени се двајцата патници во автомобилот.
Фото: Петр Стојановски
Страотен судир, во кој две лица се повредени, се случи денеска околу 13,15 часот на улицата „Првомајска“ во близина на фабриката „Охис“ во Скопје. Во несреќата, во која учествуваа „опел омега“ со скопска регистрација и цистерна „сканија“ со кумановски таблички, повредени се двајцата патници во автомобилот.
Тие се пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Очевидци тврдат дека автомобилот, кој од Драчево се движел кон Скопје, од непознати причини се судрил со камионот, кој доаѓал од спротивниот правец. (Г.А.)
|