15.11.2011, 16:10 Државата сака да собере данок и од родилките
Одреден број родилки од УЈП добиле писма дека треба да платат данок на породилни боледувања, кои им биле исплатени со задоцнување.
Државата сака да земе данок и од породилните боледувања. Одреден број родилки што добиле деца во 2009 и во 2010 година деновиве добиле писма од Управата за јавни приходи дека треба да платат данок на породилни боледувања што им биле исплатени со задоцнување до четири месеци. Мајките реагираат дека државата не само што ги оштетила со задоцнета исплата на породилното боледување, туку сега сака да им наплати и данок. Од УЈП објаснуваат дека пресметките на данокот на плата на породените жени се според законот, а тие не се надлежни ниту виновни што боледувањата на родилките им биле исплатени со задоцнување.
Токму задоцнетата исплата ја направила целата збрка породените жени да платат данокот на боледувањата. Мајките веќе се вратиле на работа и покрај платата на нивната лична сметка им било исплатено и боледувањето, кое, исто така, се смета за плата. Па, во една година, наместо да добијат 12 плати излегува дека добиле 16, а не се зема предвид тоа што претходната година им биле исплатени само 8 плати. Од ИЈП објаснуваат дека во една календарска година з��конската регулатива за персоналниот данок предвидува даночно ослободување од плата до 80 отсто, а со задоцнета исплата на боледувањата тој лимит е надминат, и затоа системот бара да се плати данок и на боледувањата. (Ј.Ј.)
|