15.11.2011, 14:25 Капело ја заврши кариерата на Бекам како англиски репрезентативец
Селекторот на англиската фудбалска репрезентација Фабио Капело изјави денеска дека нема да го повика Дејвид Бекам во поширокиот избор на фудбалери за Eвропското првенство што следната година ќе се одржи во Полска и Украина.
Ова е првпат Капело да зборува околу можноста за враќање во репрезентацијата на легендата на англискиот фудбал. Италијанскиот тренер ја отфрли таквата можност, но изрази надеж дека 36-годишниот фудбалер на „ЛА Галакси“ од Лос Анџелес ќе се најде меѓу избраниците за фудбалската репрезентација на Велика Британија која ќе учествува на турнирот во фудбал во време на Олимписките игри идното лето во Лондон.
Ваквото решение на Капело практично значи завршување на кариерата на Бекам како англиски репрезентативец.
Последен пат Бекам настапи на еден натпревар на англиската репрезентација во март минатата година. Медимите најавува дека Капело ќе го повика Бекам да учествува во квалификациите за да може да ја заокружи и заврши својата репрезентативна кариера, но англискиот селектор, кој претходно беше критикуван затоа што не ја подмладува репрезентацијата, ниту едн��ш не ја повика остарената фудбалска звезда.
Во 2005 година Бекам беше меѓу спортистите кои успешно агитираа за организација на Олимписките игри во Лондон, па медиумите веруваат дека тој ќе биде меѓу тројцата фудбалери постари од 23 години во олимпискиот тим што ќе го води Стјуарт Пирс.
|