14.11.2011, 12:46 Металург чека носител во КПК
Македонскиот женски ракометен првак Металург ќе биде извлечен од вториот сад во утрешната ждрепка за осминафиналето во Купот на куп-победниците, која ќе се одржи во 11 ч. во седиштето на ЕХФ во Виена.
Тоа значи дека тимот на Крсто Петрушевски ќе добие противник од првиот сад, кој го сочинуваат четири победници од третото коло во КПК и четири екипи што завршија на третото место во својата група од прелиминарната фаза во Лигата на шампионите. Носители од КПК се шпански Мар Сагунто, германски Лајпциг и унгарските претставници Алкоа и Ференцварош, а од ЛШ во првиот сад се најдоа норвешки Бјосен, данските Виборг и Рандерс и руски Динамо Волгоград. Покрај Металург, во вториот сад се и Дебрецин, Заглебје, Клуж, Ростов на Дон, Звезда Звенигород, Заечар и Севехоф.
Со ждрепка ќе биде одреден и редоследот на натпреварите од осминафиналните двомечи, кои ќе се одиграат на 4/5 и 11/12 февруари 2012 година. (Р.Д.)
|