14.11.2011, 13:05 Торус остана непоразен и по шестиот натпревар
Вчера попладне во спортскиот центар Борис Трајковски, екипата на Торус ја оствари и шестата победа во исто толку одиграни средби, совладувајки го Работнички со 76:70.
За одржување на максималниот ефект на Торус, се погрижија, Никола Караколев со 19, Џастин Рејнлдс со 18 и Бојан Трајковски кој постигна 15 поени, а имаше и 11 скокови.
Во екипата на Работнички, за која ова беше петти пораз, најефикасен беше Милош Павловиќ со 17, додека Јане Петровски придодаде 15, а Енес Хаџибулиќ 12 поени.
На одиграните натпревари во саботата беа постигнати следниве резултати: АБА Струмица - Вардар 95:101, Куманово - МЗТ Скопје Аеродром 81:88 и Лирија - Кожув 92:67.
Слободен во ова коло беше тимот на Фени Индустри кој како и Торус десега нема претрпено пораз.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 13 бодови (7 одиграни натпревари), Торус СЦ Б.Т. 12 (6), Фени Индустри 12 (6), Лирија 9 (6), Вардар 8 (6), Куманово 8 (6), АБА Струмица 8 (7), Кожув 7 (6) и Работнички 6 (6).зс/18:54
|