15.11.2011, 14:45 И Мухамед Али се прости од големиот ривал Џо Фрејзер
Вчера во Филаделфија беше погребан еден од најголемите боксери на сите времиња Џо Фрејзер, кој не успеа да ја добие битката со ракот на црниот дроб.
Од него се простија многу великани на боксот, а меѓу нив беше и неговиот лут ривал Мухамед Али. Фрејзер, некогашниот олимписки шампион и професионален светски првак, почина на 68. годишна возраст. Тој е човекот кој му го нанесе првиот пораз на Али 1971. година во „борбата на столетието“, за подоцна два пати да губи од него. Покрај Али на погребот затворен за јавноста присуствуваше уште еден бивши светски првак Лери Холмс, потоа познатиот борец за човековите права Џеси Џексон и многу други, а видео пораки пратија Мајк Тајсон, глумецот Мики Рурк, милијардерот Доналд Трамп...
Во говорот Џеси Џексон ги повика властите во Филаделфија на примерен начин да му оддадат почест на Фрејзер, како што му кренаа споменик на измислениот лик од филмскиот серијал Роки, кого го глумеше Силвестер Сталоне.
„Роки е имагинарен лик, кој никогаш не постоел. Роки никогаш не ја почувствувал сопствената крв. Роки никогаш не се борел со Кен Нортон. Никогаш не се борел со Али. Никогаш не се борел со Ле��и Холмс. Џо е човек кој учествуваше во вистински акции, човек кој треба да ни биде пример за односот кон семејството. Остана наш сосед, остана член на нашата црква. Остана човек од градските улици. Филаделфија сама себе ќе си даде почест ако му оддаде на Фрејзер“, кажа Џексон.
|