16.11.2011, 15:02 Германија ја разби Холандија
Лошата форма на Шпанија во пријателските натпревари продолжи со Костарика (2:2), Англија минимално ја совлада Шведска
Селекторот на Германија Јоаким Лев е воодушевен од настапот на своите фудбалери во пријателскиот меч со Холандија во Хамбург, кој го добија со 3:0. Стрелци за победата беа Милер во 15 минута, Клосе во 26 и Озил во 66 минута. Мирослав Клосе беше јунак на мечот. Еден гол заби, а два намести. Тој сега има вкупно 63 гола за Германија и само пет погодока го делат од легендарниот Герд Милер, најдобриот стрелец на сите времиња.
Лошата форма на Шпанија во пријателските натпревари продолжи со Костарика. По поразот од Англија (0:1), сега Давид Вилја во судиското продолжение ја спаси црвената фурија од нов пораз (2:2). По освојувањето на светската титула во Јоханесбург Шпанија загуби во пријатлски натпревари од Аргентина, Португалија, Италија и Англија, која вчера оствари уште една победа, овој пат над Шведска 1:0. |