17.11.2011, 13:40 Со Грците во второто коло на ЕП
Македонско-грчката ватерполо пресметка на јубилејното 30. Европско првенство во Холандија ќе се случи во рамките на второто коло од групата А на 17 јануари.
Ден претходно избраниците на селекторот Игор Гочанин ќе го отворат шампионатот против Турција. На 19 јануари е дуелот со олимпискиот првак Унгарија, а два дена подоцна мечот со светскиот шампион и европски вицешампион Италија. Во последното коло на 23 јануари Македонија ќе ги одмери силите со домаќинот Холандија.
Точните термини за почеток на средбите ќе се утврдат до крајот на месецов во договор со Европската радиодифузна унија (ЕБУ). Според прелиминарниот тајминг, натпреварот со Турците е од 13 ч., со Грците од 16 ч., во тој термин ќе се одигра и мечот со Унгарците, од 14,30 ч. е средбата со Италијанците и од 19 ч. против Холанѓаните.
Сите натпревари ќе се одиграат во базенот „Питер ван ден Хогенбанд“ во Ајндховен. (Р.Д.)
|