17.11.2011, 13:38 Осум гола на Лазаров во Кјелце
Атлетико Мадрид на гостувањето во Полска славе[e уверлива победа од 37:29 против Виве Тарги Кјелце
Кирил Лазаров постигна осум гола и заедно со Данецот Николај Маркусен беа најефикасни во редовите на Атлетико Мадрид на гостувањето во Полска, каде што Шпанците славеа уверлива победа од 37:29 против Виве Тарги Кјелце во петтото коло од групата Б од Лигата на шампионите. Најдобриот македонски ракометар во досегашниот дел од сезоната има постигнато вкупно 35 погодока.
Со четвртата победа, пак, ракометниот гигант што до летоска се викаше Сиудад Реал го задржа првото место во групата. (Р.Д.)
|