20.11.2011, 12:08 Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
На таблетиките било втиснато лого "М", како логото на "моторола", а билпо запенето и 300 грама марихуана и семки од марихуана и 50 грама амфетамин во прашкаста материја.
Љубиша Станковиќ
Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал, односно Одделот за недозволена трговија, пресече меѓународен канал на недозволена трговија со синтетичка дрога екстази: Станува збор за поголеми количества амфетамин кој од Бугарија преку Македонија завршувал и во Косово, а транспортот бил организиран од меѓународна криминална група. Најновата заплена, всушност, претставува дрога што што била наменета за македонскиот и за косовскиот наркопазар.
Најновиот случај на заплена на екстази бил реализиран по претходно спроведена истрага со оперативно име „Техно“, како и со примена на таканаречените посебни истражни мерки, а истата била спроведена на подрачјата на Скопје и на Велес.
Имено, при претрес во возило со скопски регистерски таблички, како и на стан во Велес, биле запленети вкупно 10.355 парчиња екстази амфетамин. На таблетките било втиснато лого „М“, односно логото на „Моторола“, околу 300 грама марихуана, семки од марихуана, околу 50 грама амфетамин во прашок. Вредноста на запленетата количина на наркопазарот, на улична продажба, изнесува околу 80.000 евра.
Според МВР, во петокот во 14,55 часот, полициски службеници, на автопатот Велес – Скопје, кај клучката Катланово било запрено возило „мерцедес“, управувано од лицето М.С., поради сомневање дека во возилото се превезува амфетамин.
Со издаден налог од Истражен судија, полицијата извршила претрес на возилото и притоа под совозачкото седиште била пронајдена црна полиетиленска кеса. Во кесата имало осум полиетиленски, проѕирни пакувања со 8.308 парчиња екстази со светложолта боја и со втиснато лого „М“. Возачот бил приведен и спроеведен во ПС Гази Баба во Скопје.
Од МВР појаснуваат дека транспортот на дрогата бил организиран по претходен договор, од бугарски државјани и од македонските државјани М.С. од Велес и М.С. од Скопје. Од пратката со екстази на М.С., во Велес биле предадени 10.355 парчиња, а тој за себе задржал 2.047, додека преостанатите 8.308 му ги предал на М.С. истиот ден во Велес.
За велешаноцот МВР вели дека е познат како дилер на наркотични дроги и дека по извршен претрес во неговиот дом биле пронајдени 2.047 екстази таблети, други 18 таблети со различна и со различни логоа, 300 грама марихуана, две пакувања од чоколадни јајца со семки од марихуана и педесетина грама амфетамин во прашок. При претресот бил пронајден и револвер од марката „Смит и Весон“.
За недостапниот бугарски државјанин, како и за лицата М.С.(35) од Скопје, М.С.(32) од Велес и М.Р.(21) од Скопје, МВР поднела пријава за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги. |