21.11.2011, 15:44 Нема фискална, нема пари!
Доколку продавачот не издаде фискална сметка, купувачот има право да не плати за земените производи.
Во последниов период Владата силно го стега ременот околу трговците кои не користат фискални апарати и не им издаваат фискални сметки на потрошувачите. Откако веќе стокми законско решение со кое значајно се зголемуваат глобите по оваа основа, сега излегува со нова идеја, а таа е купувачот да има право да не плати за стоката или за услугата доколку продавачот не му издаде фискална сметка.
Доколку пазарувате во продавница и дуќанџијата кој има фискална каса не ви издаде фискална сметка, слободно ќе можете да не му платите за производите, а нив да си ги земете и да си заминете. Или доколку појдете, на пример, во фризерски салон, откако ќе ја добиете посакуваната стилска промена, а фризерската одбегне да ви даде фискална, не барајте пари за да се раздолжите со неа, туку само заминете си дома со новата фризура.
Вака некако Владата замислува дека на дело ќе функционираат најновите законски измени, кои таа ги одобрила на седницата што ја држела во неделата и кои наскоро ќе бидат предложени до Парламентот. „Владата расправаше и за измени во Законот за готовински плаќања, при што се утврди текст за измени на овој закон, со кој се предлага доколку даночниот обврзник кој вовел и користи одобрен систем на фискална опрема, на купувачот на доброто, односно корисникот на услугата, во моментот на предавањето и плаќањето на доброто, односно на извршувањето и плаќањето на услугата, не му издаде фискална сметка, купувачот на доброто, односно корисникот на услугата, нема обврска да ја плати цената на доброто, односно цената на услугата“, стои во владиното соопштение.
„Утрински“ побара објаснување од Владата за новата мерка. Владиниот портпарол Мартин Мартиновски потврди дека токму тоа е новината, доколку трговецот не ви даде фискална, имате право да не му платите за доброто или за услугата. „Суштината на овие промени е да се унапреди фискалната дисциплина и да се влијае на свеста и кај продавачите и кај купувачите дека мора да издаваат, односно да бараат фискални сметки“, вели Мартиновски. На прашањето дали власта така нема да навлече револт од бизнис заедницата, Мартиновски е дециден дека „поттикнување на почитување на законски прописи не би требало да предизвика револт“.
Инаку, во овој период пратениците во Собранието расправаат за претходно предложените измени на Законот за регистрирање на готовинските плаќања, со кои ќе се зголемуваат казните за фирмите што немаат фискален апарат или што не издаваат фискална сметка. За вакви прекршоци, наместо досегашните 4.000 евра, глобата ќе изнесува 5.000 евра. Наместо 850 евра, казната за фирма-поединец се зголемува на 1.500 евра, а толку пари ќе треба да плати и сметководителот на фирмата. Ќе се зголемува и времетраењето на забраната за вршење дејност на трговците. (Н.Н.Ф.)
|
|
Статијата е прочитана 2757 пати.
|
Испрати коментар
|
|
TRPE original, 21.11.2011 17:19:10 | Абе некако лошо ова е кажано?! Ако купувачот си ги земе добрата а не плати нели тоа беше кражба? А и што во случај газдата на дуќанот ако е со поголем ‘габарит‘? Кој ќе го брани купувачот тогаш?? Хм... овде нешто мириса на лошо?! |
| Pirin, 21.11.2011 18:40:16 | isto kako da ne bide, pa trgovecot gi zima parite prv i kako mozes da ne mu platis , 80 posto od srovaristata ne davaat fiksalni ako im baras vednas se vrtat na druga strana i te gledaat omrznato. |
| sas, 21.11.2011 18:53:35 | pogolema glupost nema sekoj moze da ja zeme robata i da izleze od dukanot i ako go fatat da kaze deka smetkata e nahnadno iskucana koj ke dokaze ako nema kameri samo ke se ispotepaat megu sebe lugeto.treba kazna globa i zatvor za tie sto ne izdavaat fiskalna ili nemaat aparat.
a ne kazna za inie dukangii koi napravile sitna greska na primer gi zavel f-ri eden den pokasno
ili mu padnala cenata na nekoj proizvod itd. |
| saso, 21.11.2011 19:06:48 | Е сега по дуќаниве сите ќе викаат дека не им издале фискална сметка па затоа не платиле и си заминале.Маката ќе биде на трговците да докажат дека им издале фискална сметка.БРАВО за момциве од владата кои патем два саата работно искуство немаат несметајќи го стажот како министри.Сепак во прашање се само казните,нив само тие ги интересираат, како ќе се полни буџетот за споменици и др.егзибиции на владата.На глупоста на овој народ а пред се на момциве од владата им нема крај.Сепак глупоста е немерлива категорија. |
| Лазо Стефанов, 21.11.2011 19:28:12 | Се запрашал ли некој во Министерството за финансии и во Валадата дали ова е против Уставот на Република Макееонија? Она што сака Владата да го постигне, може да го постигне на најдобар начин преку воведување, и покрај казната, на т.н. алтернативно оданочување. А тоа е замена на нашето паушално (или ѓутуре) оданочување. Тоа значи, секој кој не издал фискална сметка (само еднаш и за тоа има докази: даночна контрола или пријава од купувач со докази) ќе биде префрлен од оадночување според реално остварен приход на алтернативно оданочување, со повисок данок и износи кои ќе бидат онапред објавени. |
| od ostrijot, 21.11.2011 19:37:51 | makedonski standard evropski kazni jas mislev
oti nasata valuta e denarot a ne evroto. |
| milica brus, 21.11.2011 20:40:43 | Nevidena glupost! Fiskalnata ja dobivas po davanjeto pari. Znaci: tepaj se za da ti gi vrataat parite! Koga drzavata nema dobar instrument za fiskalizacija - neka se tepa narodot. |
| Dushan, 21.11.2011 21:07:34 | некој се збунил или нема искуство
со плаќање стока или услуга: значи, прво се даваат парите или картичка, па потоа се процесуира плаќањето, се регистрира на каса или не се регистрира, и сега како да не платиш!? |
| mene, 21.11.2011 22:18:51 | Of, me iznasmeaja ovie biserive od vlasta. Sto rece momce? Nepara te slusa?! Taka velese Kolozov vo prikaznite. I ova e edna smesna prikazna. Sekoj pat kaj nov frizer, duri ne najdes nekoj sto ke ti dade fiskalna, a moze i cel grad da go pomines, za na kraj site frizeri od grad da te brkaat so nozicite oti ne si im platil... hahahaha..
Ama vo market e cool... si zemas si zaminuvas, krades, a ne moze da te prijavat, si zel si zabegal, koj ke dokaze dali ti ja cuknal fiskalnata navreme ili ne, vazno ti si imas alibi za kradenjetoo... of moi kutri makedonci, do koe deredze dojdovme. Ni gospogjite od UJP nema da se karaat za fiskalna so komsikata so im napravila nova frizura. Se nadevam ovie od vlasta go citaat ova. |
|
|
|
|
|
„УТРИНСКИ ВЕСНИК“ ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ
|
|
|
|
Време
|
Скопје, 5°C
Магла
|
Среда
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 0°C
|
Четврток
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: -6°C
|
|
|
|
|
|