Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.11.2011, 12:44
ПАСОК и Нова демократија разјадени одвнатре



Папандреу сака да остане лидер на партијата, Самарас им се заканува на оние што мислат поинаку.

Од нашиот дописник
Миркица Поповиќ


Атина - Двете големи грчки политички партии се соочуваат со внатрешни турбуленции по избирањето на новата влада. Во ПАСОК се' повеќе се шушка околу иднината на Јоргос Папандреу како лидер на партијата, додека пак во десничарската Нова демократија зовриваат расправиите меѓу либералните и националистичките струи во партијата.

Уште пред избирањето на новиот премиер, во медиумите кружеа гласини дека Папандреу го одолговлекува објавувањето за да си ја осигура и позицијата лидер на партијата, бидејќи неговиот мандат како лидер на социјалистичката ПАСОК е пред истекување.

Откако Лукас Пападимос ја презеде премиерската функција, почнаа шпекулациите дека дел од високите политичари во партијата барале од Папандреу да преземе нови иницијативи и да започне процесот за избирање на нов лидер на партијата. Се слуша за многу договарања зад завесата околу тоа кој би можел да ја води партијата. Според некои проценки, Папандреу значително ја загубил и поддршката во партијата. Според телевизијата Скај, Димитрис Репас, еден од министрите на ПАСОК и во преодната влада дал предлог Јоргос Папандреу да остане како претседател на партијата, но на престојните предвремени избори партијата да најде друг кандидат за премиер. Во меѓувреме, поранешниот грчки премиер има постојано средби со министрите и високите претставници во партијата и советот на ПАСОК и околу работата на владата, но и околу нивните мислења за иднината на партијата.

Додека еден дел од ПАСОК ја отвара дебатата за избори во партијата, други му изразуваат поддршка на Папандреу. Еден од нив е и министерот за заштита на граѓаните, Христос Папуцис, го поддржа Папандреу за претседател на партијата, додавајќи дека разговорот за промена на лидерството не е на место. За разлика од него, министерот за развој и конкурентност, Михалис Хрисохоидис во изјава за радиото Реал ФМ отворено покажа желба да се кандидира на внатрешните избори во партијата.„Имам право во некој момент и јас да се кандидирам, ако започне таков процес во ПАСОК, но под услов да се знае дека при изборите целосно ќе се почитуваат сите процедури“, изјави Хрисохоидис.

Засега останува неизвесно кои ќе бидат следните чекори на ПАСОК, но самата партија за да стави крај на шпекулациите испрати соопштение со објаснување дека приоритет на Папандреу како лидер на ПАСОК е успехот на сегашната влата и стабилизирање на државата.

Иако анкетите на некои од медиумите покажуваат дека се зголемува рејтингот на опозициската Нова демократија, внатре во партијата се одвиваат кавги. Во партијата се појавија несогласувања и околу учеството на Нова демократија во преодната влада. Еден од пратениците откако коментираше дека Нова демократија ќе потоне поради националистичките струи во партијата веќе заработи црвен картон и отпишување. Лидерот на партијата Адонис Самарас упати закана за исфрлање на бунтовниците од партијата. „Следниот кој ќе се занимава со непостоечки проблеми во Нова демократија, кои ги навредуваат не само членовите на партијата, туку и секој Грк во овие тешки времиња, нека знае дека автоматски ќе се најде надвор од партијата“, изјави строго Самарас.

Статијата е прочитана 330 пати.

Испрати коментар



Презентација на инвестициските можности на Макeдонија во Дизелдорф
(ФОТО) Садници и потписи за подобра иднина
Серија кражби околу скопската „Шмизла“
Нови 33 жртви во насилствата во Сирија
Јанкулоска - Нема сериозна закана за безбедноста во Македонија
Кастрати ја презеде функцијата шеф на косовските безбедносни сили
Европејците панично ги повлекуваат парите од банките
Министрите Ставрески и Јанкулоска засадија дрвца во Мршевци
Бесими - Македонија е максимално подготвена за членство во НАТО
Соработка во железничкиот превоз меѓу Македонија и Русија
„Филип Морис“ ќе ја тужи Австралија
Заканите по визната либерализација се неконструктивни
Скопјанец испрскан со спреј, гостиварци врзани со селотејп
Скопјани осудени поради разбојништва
Рено ќе продава евтин автомобил за 2.500 евра
На автопатот Скопје-Велес прегазен пешак
Абдула Ѓул - Турција нема да остане индифирентна кон сириската криза
Ел Барадеј - Насилството на плоштадот Тахрир е „колење“
Инвестициските можности ќе бидат презентирани во Минхен
Македонија ќе биде разеленета со уште 5,7 милиони дрвца
Повредени три лица во сообраќајка во Тетово
Градоначалниците садеа цреши пред Зоолошка градина
Визната либерализација може да се преиспита
Разурнатиот град Ван ќе се сели на друга локација
Воз уби два коња во Тетово
Битола остана без јавен градски превоз
Ставрески - Македонија доби заем од 130 милиони евра под одлични услови
Почина сопругата на Митеран
Фатени илегалци во македонски камион
Австриските инвеститори со позитивни искуства од Македонија
Сеиф ал Ислам - Либија ја очекуваат крвопролевања
Харадинај измачувал затвореници
Еврообврзниците најдобро решение за излез од кризата
Голем пожар во Тирана
„Заборавил“ милион долари во пицерија
Македонија и Русија со спогодба за соработка во железничкиот сообраќај
Полицијата откри депо за чување наркотици, приведени три лица
Македонско-австриски бизнис форум во Виена
Нема фискална, нема пари!
(ФОТО) Дипломатскиот кор засади дрвца на Водно
Пешевски очекува повеќе инвестиции од Австрија и Германија
Попоски со писмо до ЕУ бара почеток на преговорите
Велија Рамковски и ќерка му имаат нови адвокати
Тадиќ - Косово нема да го признаеме ниту експлицитно, ниту имплицитно
Најмалку 20 лица убиени во Каиро
Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Изграден нов дијагностички центар во битолската болница
Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Либија сака да му суди на синот на Гадафи
Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Европскиот парламент ја одбива поделбата на Косово
Денеска се навршуваат 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор
Бешлиев
Во Њујорк уапсено 27-годишно момче осомничено за тероризам
Премиерот Груевски во посета на Австрија
Фратини - Решението на спорот за името би било добро и за Европа
Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачк�� бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 7°C

Магла

Четврток
Претежно облачно
Макс: 9°C, Мин: -6°C

Петок
Локални грмотевици
Макс: 9°C, Мин: -7°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com
Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп |