22.11.2011, 12:19 Голем пожар во Тирана
Mагацин со пиротехнички средства и детски играчки, најмалку една станбена куќа и 25 продавници целосно изгореа синоќа во голем пожар во албанскиот главен град Тирана.
Како што изјави албанскиот заменик-министер за внатрешни работи Фердинад Пони, во гаснењето на пожарот биле вклучени повеќе од 200 пожарникари од Тирана, Лежа, Драч и Каваја, припадници на армијата и голем број граѓани.
Дописникот на МИА од Тирана јави дека пожарот избувнал во магацинот и набрзо се проширел и на соседните објекти, по што е спроведена евакуација на жителите од поширокото подрачје.
Во пожарот, кој предизвика огромна материјална штета, според досегашните информации, нема повредени.
Причината за избувнувањето на пожарот засега не е позната, но се претпоставува дека тој е продизвика од куса врска во електричната иснталација или од човечко невнимание
|