22.11.2011, 13:49 Фатени илегалци во македонски камион
Дванаесет илегалци се откриени на српскиот граничен премин Прешево на границата со Македонија. Двајцата Авганистанци и десет државјани на Сомалија биле скриени во камион со македонски регистраски таблички. Според пишувањето на белградските весници, акцијата била реализирана вчера околу 5,30 часот кога цариниците забележале оти камионот бил отворан на македонската страна. Поточно, сајлата на пломбата била исечена, па повторно залепена. (Г.А.)
|