Архива Контакт Редакција Маркетинг Претплата
Барај
период од-до
-
Онлајн издание
Вести Магазин Спорт
Онлајн Вести
22.11.2011, 14:23

Ставрески: Македонија доби заем од 130 милиони евра под одлични услови



Македонија доби заем за финансирање на Буџетот за годинава и следната година од Дојче банка, Сити банка и Светска банка во износ од 130 милони евра од кои 100 милиони се гарантирани од страна на Светска банка.

Фото: Киро Попов

Заемот, со основна каматна стапка од 4,25 проценти, која заедно со вклучените трошоци за еднократна провизија кон Светска банка од 0,5 отсто годишно и трошоците за еднократна провизија од 1,3 проценти кон Дојче банка и Сити банка во моментов изнесува 4,8 отсто, ќе биде отплатен еднократно пет години по денот на повлекувањето на средствата.

Договорот за заем меѓу Република Македонија, Дојче банка, Сити банка и Светската банка и Договорот за гаранција заснована на политики меѓу Република Македонија и Светската банка беше официјализиран денеска во Министерството за финансии.

- Ова е далеку најдобрата финансиска понуда што можевме да ја добиеме. Со ниската каматна стапка и со поддршката што ја добивме со гаранцијата на Светска банка успеавме да заштедиме меѓу 25 и 30 милиони евра што во камати Република Македонија би морала да ги плати доколку немавме гаранција од Светска банка, рече вицепремиерот Ставрески по потпишувањето на договорите и додаде дека средствата наскоро ќе легнат на сметката на Република Македонија.

Средствата, посочи, ќе помогнат да се подобри ликвидноста на Буџетот и да се исфинасираат бројните капитални проекти пред се, бидејќи, како што кажа, кај нив е најголемото зголемување на Буџетот за годинава и за идната година.

- Очекувам помал дел од средствата да бидат искористени до крајот на годинава, а повеќето да останат за првите неколку месеци од наредната година. Годинава се реализирани 75 проценти од капиталните инвестиции што е за околу 20 процентни поени повеќе од лани, појасни Ставрески.

Сосотојбите во светската и европската економија и на пазарот на капитал се прилично сложени и во такви околности, истакна министерот за финансии, Република Македонија излезе на пазарот со цел да обезбеди средства за финансирање на Буџетот за оваа и следната година.

- Со поддршка од Светската банка успеавме да добиеме добра понуда и да ги обезбедиме средствата кои ние се потребини со извонредни услови. Би сакал да се заблагодарам на Канцеларијата на Светска банка во Скопје и менаџментот на Светска банка во Вашингтон што ни ја понудија оваа можност наместо буџетска поддршка во износ од 35 милиони долари Република Македонија да го искористи тој простор во функција на гаранција на наше задолжување кај реномирани светски банки, рече Ставрески.

Директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Лилија Бурунчук истакна дека гаранцијата ги поддржува реформите кои ќе помогнат во намалувањето на идните ризици за стабилноста преку зајакнување на одржливоста во јавните финансии и отпорноста на финансискиот сектор.

- Гаранцијата заснована на политики се дава на земји кои имаат постигнато успех на полето на макроекономската политика каква што е и Македонија. Тоа и управувањето со социоекономските реформи ја става Македонија во поповолна позиција во споредба со други земји од регионот, рече Бурунчук.

Според неа, гаранцијата ја поддржува и подобрената заштита на најранливите и и овозможува на Владата да позајмува во време на глобалните финансиски превирања под прифатливи услови и од различни финансиски извори.

Претставникот на Дојче банка и Сити банка Бен Добсон нагласи дека разговорите за заемот биле тврди и цврсти, но завршиле на добар начин за многу кратко време.

- Мислам дека ова е вториот заем што Светска банка го доделува врз оснва на договор за гаранција заснована на политики што е особено добро за Република Македонија. Сметам дека е голем успех за Македонија да се потпише ваков договор за заем во моменталните услови кои владеат на пазарите, рече Добсон.






Статијата е прочитана 821 пати.

Испрати коментар



Јанкулоска - Нема сериозна закана за безбедноста во Македонија
Кастрати ја презеде функцијата шеф на косовските безбедносни сили
Европејците панично ги повлекуваат парите од банките
Министрите Ставрески и Јанкулоска засадија дрвца на локалитетот Мршевци
Бесими - Македонија е максимално подготвена за членство во НАТО
Соработка во железничкиот превоз меѓу Македонија и Русија
„Филип Морис“ ќе ја тужи Австралија
Заканите за укинување на визната либерализација се неконструктивни
Скопјанец испрскан со спреј, гостиварци врзани со селотејп
Скопјани осудени поради разбојништва
Рено ќе продава евтин автомобил за 2.500 евра
На автопатот Скопје-Велес прегазен пешак
Абдула Ѓул - Турција нема да остане индифирентна кон сириската криза
Ел Барадеј - Насилството на плоштадот Тахрир е „колење“
Инвестициските можности ќе бидат презентирани во Минхен
Македонија ќе биде разеленета со уште 5,7 милиони дрвца
Повредени три лица во сообраќајка во Тетово
Градоначалниците садеа цреши пред Зоолошка градина
Визната либерализација може да се преиспита
Разурнатиот град Ван ќе се сели на друга локација
Воз уби два коња во Тетово
Битола остана без јавен градски превоз
Почина сопругата на Митеран
Фатени илегалци во македонски камион
Австриските инвеститори со позитивни искуства од Македонија
Сеиф ал Ислам - Либија ја очекуваат крвопролевања
Харадинај измачувал затвореници
ПАСОК и Нова демократија разјадени одвнатре
Еврообврзниците најдобро решение за излез од кризата
Голем пожар во Тирана
„Заборавил“ милион долари во пицерија
Македонија и Русија со спогодба за соработка во железничкиот сообраќај
Полицијата откри депо за чување наркотици, приведени три лица
Македонско-австриски бизнис форум во Виена
Нема фискална, нема пари!
(ФОТО) Дипломатскиот кор засади дрвца на Водно
Пешевски очекува повеќе инвестиции од Австрија и Германија
Попоски со писмо до ЕУ бара почеток на преговорите
Велија Рамковски и ќерка му имаат нови адвокати
Тадиќ - Косово нема да го признаеме ниту експлицитно, ниту имплицитно
Најмалку 20 лица убиени во Каиро
Дизелот поскап за три денари, цената на бензините останува иста
Изграден нов дијагностички центар во битолската болница
Швеѓаните најмногу се задолжуваат во Европа
Либија сака да му суди на синот на Гадафи
Десницата освои апсолутно мнозинство во Шпанија
Европскиот парламент ја одбива поделбата на Косово
Денеска се навршуваат 16 години од потпишувањето на Дејтонскиот договор
Бешлиев
Во Њујорк уапсено 27-годишно момче осомничено за тероризам
Премиерот Груевски во посета на Австрија
Фратини - Решението на спорот за името би било добро и за Европа
Денот низ фотографии
Аџиев - Новинарите следни за лустрација
Во акцијата „Техно" полицијата заплени 10.355 таблети екстази
ОН - Климатските аномалии во светот ќе стануваат се почести
Уапсен синот на Гадафи, Сеиф ал Ислам
Почина Јосиф Ќурчиев
Адеми - Топилницата мора да ги исполнува еколошките стандарди
Удрен темелот на евроазиска економска унија
„Манифестот на Македониумот“ до вчера го поддржале 140.000 граѓани
„Метрудхем“ се огласи, ама не се согласи
Се испразни Мавровско Езеро
Лажна бомба на судењето на Иво Санадер
Никовски - Немаме право на нови грешки во спорот со името
Воз прегази 14 овци кај Тетово
Ќе се зголеми бројот на предмети за државна матура
Се урна најголемиот градежен кран во Европа
Дојче веле - ЕУ најдобра перспектива за државите од Западен Балкан
Европратениците песимисти за датум за преговори во декември
Денот низ фотографии
Глорија Аројо уапсена во болница
Германија има таен план за излез од кризата
Маж уапсен за обид за атентат врз Обамa
Над 300 уапсени во протестите на движењето „Окупирајте го Волстрит“
Албанските девојки сексуално активни од 13 години
Шефот на дипломатијата Попоски во посета на Данска
Вук Драшковиќ тврди дека добивал смртни закани
Најмалку шест лица загинаа во невремето во САД
Донесен Законот за задолжување кај Дојче Банка и Сити Банка
Притвореничка во тетовскиот затвор се самоубила со кеса
Со лажни посмртници посвојувале живи деца
Грците на протест против „економската хунта“
Занетчиите бараат решавање на нелојалната конкуренција и високите казни
Пешевски - Проекцијата на СБ е на дневна основа
Двајца повредени во судир на цистерна и автомобил
Ален Зекиров не се појави на суд
Реза Могадам е нов директор на ММФ за Европа
Во Црна Гора на море само со лични карти
Хаг ќе ја апси Флоренс Хартман
Jункер - Излезот на Грција од еврозоната би бил катастрофа
Денот низ фотографии
Вељаноски - Сo Уставот се постави државно-правниот темел на Македонија
ЕП даде зелено светло за влез на Хрватска во ЕУ
Пад на цената на нафтата
Сирија пред граѓанска војна
Компромитирачки бакнежи на реклама на Бенетон
Продолжува судењето на Санадер



Istocna Makedonija, 22.11.2011 15:12:20
Nas ekskluzivitet,ili slucaj bez presedan:,,Se fali- me deka sme dobile zaem pod povolni uslovi,,!A, moze li,bilo kakov zaem da bide povolen?!Treba da se vrati,so kamata!Za falenje e profitot od dobra investicija,nasledstvo,poklon,loto...!
oslo, 22.11.2011 18:35:23
toatije ctiri ipol procenti pocetna kamata neka netropat kluposti toa moza damuobjaznit na vmro ovcit posto tie nezerazbiret od kamati
neopredelena, 22.11.2011 18:47:31
Grabajte, grabajte krediti - ke gi vraka posle Dedo mi, a ne Mijalkovi. Krvnici ne ostana meso sega pocnavte i koskite da mu gi jadete na narodot!
nikolce, 22.11.2011 18:54:45
site nie mozeme dazememe zaem ama kako ke go vratime se zgrbavivme vise ke staneme najgrbava nacija
Ekonomist, 22.11.2011 19:10:34
одлична зделка, за пет години плус 30 милиони треба да се вратат :)
apologet, 22.11.2011 21:16:34
jas mislam deka makedonija ne dobila zaem, tuku zemala zaem.Ako nesto dobies ne mora da go vrakas, ama ako nesto zemes koga i da e, koj i da e mora da go vrati.Za eden mesec ke gi potrosat parite ama nekolku desetici godini(neka se i pet) NIE ke gi vrakame.E ako de, golema rabota, a mozebi i nema da morame da gi vrakame, Evropa i taka ke propadne a germanija ke ima nevideni ekonomski teskotii, taka sto dojce banka ke ja snema i nema komu da vrakame.Kefaloto treba da ti raboti.

„УТРИНСКИ ВЕСНИК“
ЕЛЕКТРОНСКО ИЗДАНИЕ

„Утрински весник“ можете да го купите во електронска форма

"""

  

 


Site Meter


Најнови вести
Време
Скопје, 8°C

Магла

Среда
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: 0°C

Четврток
Обилни врнежи
Макс: 10°C, Мин: -6°C
овозможено од Yahoo! Weather
НајчитаниНајкоментирани
Блог избор
sead93.blog.com

Онлајн издание | Вести | Магазин | Спорт |
Печатено издание | Политика | Македонија | Економија | Хроника | Коментари | Свет | Култура | Спорт | Скопје | Забава | Хороскоп | Писма |