23.11.2011, 13:18 Французите забранија спот на пејачката од Барбадос
Експлицитниот видео спот на Ријана за нумерата „We Found Love“ предизвика контроверзи ширум светот, а деновиве е забранет да се емитува во Франција, зашто е оценето дека „промовира самодеструктивно однесување кај младите“
Бидејќи во спотот се прикажува прилично бурна врска на двајца млади луѓе, кои ги играат Ријана и британскиот манекен Дадли О’ Шонеси, која во еден момент станува насилна, се претпоставува дека пејачката идејата за спотот ја пронашла во својата бивша врска со хипхоперот Крис Браун, со кој раскина откако еднаш ја претепа.
Од друга страна, во проблематичното видео има и понежни сцени, но тие се оцнети како премногу сугестивни, зашто Шонеси ја плеска пејачката по задникот и потоа ја тетовира.
Ова не е прв спот на Ријана кој е забранет во некоја земја. Слична судбина имаа и спотовите за песните „СиМ“ и “Те амо“, првенствено поради претераната сексуална содржина. Меѓутоа, Ријана не е загрижена поради критиките и подготвена е за нови провокации. Така, таа објави фотографии на кои пуши цигари, додека позира во провидна маичка, а нејзините голи гради ги прекриваат раце на друга жена.
|