25.11.2011, 10:53 Ербас на „Ер Франс“ летал без триесетина штрафови
„Ербас А340“ на авиокомпанијата „Ер Франс“ бил „имобилизиран“ на аеродормот во американскиот град Бостон, откако еден механичар констатирал дека недостигаат триесетина штрафови на едно пано кое се наоѓа меѓу крилото и трупот на авионот.
Овој недостаток бил откриен неколку дена откако авионот се вратил од сервисирање во градот Ксианмен во Кина, каде компанијата ги одржува своите летала.
Иако авионот летал неколку денови без 30-тина птрафови, „Ер Франс“ тврди дека во ниту еден момент не била загрозена безбедноста на леталото. Авионот продолжил со летањето откако штрафовите кои недостигале биле заштрафени.
Кинеската фирма од Ксианмен работи на одржување за сите големи светски авиокомпании, а според извори на синдикатите од „Ер Франс“, лани имало инцидент и со еден „Боинг 747-400“ откако при неговото сервисирање во Кина некои делови биле обоени со потенцијално запаллива боја. Авионот летал три недели пред да биде откриена опасноста.
|