25.11.2011, 10:16 Жбогар главен кандидат за амбасадор на ЕУ на Косово
Словенечкиот министер за надворешни работи во заминување Самуел Жбогар е главен кандидат за местото амбасадор на ЕУ на Косово, објави словенечката државна телевизија.
Словенија, со именување на Жбогар, ќе го добие првиот висок претставник во Европската служба за надворешни работи, кој должноста би ја преземал кон крајот на јануари следната година, кога му истекува мандатот на сегашниот преоден амбасадор на Косово.
Словенечкото МНР одби да ја коментира кандидатурата, имајќи предвид дека процедурата само што започнала.
Како што е соопштено од канцеларијата на високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Кетрин Ештон, името на новиот амбасадор на ЕУ на Косово ќе биде објавено во јавност во текот на следните недели.
|