28.11.2011, 12:17 Дозволен увоз на половни автобуси со Еуро 2 стандард
Превозниците на патници во Македонија ќе може да увезат половни минбуси и автобуси со исполнување на Еуро 2 стандарди. Ваква одлука донесе Владата по барање на повеќе здруженија на превозници.
Како што соопшти Министерството за економија, сите половни возила од категорија минибуси и автобуси, кои ќе бидат набавени до 30 април следната година, треба да го исполнуваат Еуро 2 стандардот за емисија на издувните гасови, наместо Еуро 3, според технички барања кои ќе одговараат на Еуро 2 стандардот.
Со оваа измена на правилникот ќе се подобри нивото на заштита на животната средина со значително намалување на нивото на емисија на штетни гасови во воздухот, односно ќе се подобри состојбата со релативно стариот возен парк на превозниците во патниот сообраќај кои вршат превоз на патници во градовите во Република Македонија и во соседните земји. Се очекува да се заменат околу 40 отсто од минибусите и автобусите кои сега во употреба се со ЕУР 0, односно не исполнуваат ниту еден стандард во поглед на емисијата на издувните гасови.
|