24.11.2011, 12:11 Старица од Нов Зеланд тврди дека четири месеци сексуално ја вознемирува дух
Седумдесет и тригодишната Новозеланѓанка, Дорис Бирч тврди дека секоја вечер додека се обидува да спие сексуално ја вознемирува дух.
Бирч тврди дека се започнало пред четири месеци. - Како октопод е. Лежев на креветот кога почувствував неколку раце. Вознемирена удирав по креветот и тој си замина. Се обидов да спијам без постелнина, купив и нов душек, но искуството продолжува да се повторува, вели Бирч.
- Ова е многу морничаво чувство поради што целата се ежам. Сексуално ме вознемирува и морам да викнам истерувачи на духови, изјави Дорис нагласувајќи дека се советувала со својот свештеник, кој е убеден дека тоа го прави „изгубен дух“.
|