25.11.2011, 14:01 Москва домаќин на „Фајнал-фор“ турнирот во Еврокупот
Полуфиналните дуели ќе се одиграат на 14. април 2012 година, додека финалето е закажано за 15. април следната година.
Руската престолнина Москва ќе биде домаќин на финалниот турнир во кошаркарскиот Еврокуп, за тековната сезона.
„Фајнал-фор“ турнирот ќе се одигра во новоизградената „Новатор Арена“. Полуфиналните дуели ќе се одиграат на 14. април 2012 година, додека финалето е закажано за 15. април следната година.
Второто по квалитет кошаркарско натпреварување во Европа, Еврокуп, оваа година слави 10 години од основањето, Москва ќе биде петтиот домаќин, по Шарлроа, Торино, Виторија и Тревизо.
Пласман на завршниот турнир со своите екипи ќе се обидат да обезбедат и македонските репрезентативци Дамјан Стојановски (Лукоил Академик), Џеремаја Мејси (Локомотив Кубан) и Предраг Самарџиски (Лијетувос Ритас).
|