27.11.2011, 11:20 Џорџ Мајкл е болен, нема да настапува до крајот на годинава
Пејачот, кој моментално се наоѓа во болница, ја прекина својата турнеја поради воспаление на белите дробови.
Пејачот Џорџ Мајкл нема да настапува до крајот на годинава поради лошата здравствена состојба, а прекинатата турнеја ќе ја продолжи кога целосно ќе заздрави.
Пејачот, кој моментално се наоѓа во болница, ја прекина својата турнеја поради воспаление на белите дробови.
Поради неговата болест, турнејата „Симфоника“ засега нема да биде продолжена, а останатите 14 концерти се одложени за неодредено време.
Некои медиуми шпекулираа дека 48-годишната музичка ѕвезда има проблеми со срцето, но неговиот портпарол ги демантираше ваквите информации, објаснувајќи дека Џорџ Мајкл има воспаление на белите дробови и дека сите останати гласани за неговото здравје се невистинити.
Лекарите моментално не можат да дадат прогноза колку долго тој ќе биде задржан во болница.
- Здравствената состојба на Џорџ Мајкл е сериозна и моментално се наоѓа на лекување. Со медицинска терапија тој мора да се одмора, изјави лекарот Томас Стодингер.
|