28.11.2011, 12:12 Почина британскиот режисер Кен Расел
Расел во британската кинематографија се означува како еден од најконтроверзните филмски автори кој во сите свои филмови инсистираше на сцени што ќе треба да ја шокираат публиката, или да предизвикаат бурни реакции кај критичарите и цензурата.
Познатиот британски режисер Кен Расел почина вчера во болница, на 84-годишна возраст, соопшти неговото семејство. Расел починал спиејќи во својот болнички кревет.
Кен Расел во британската кинематографија се означува како еден од најконтроверзните филмски автори кој во сите свои филмови инсистираше на сцени што ќе треба да ја шокираат публиката, или да предизвикаат бурни реакции кај критичарите и цензурата.
Во 1969 година тој беше номиниран за наградата „Оскар“, за филмот „Вљубени жени“, работен според романот на Британецот Дејвид Х. Лоренс. Филмот предизвика бурни реакции во јавноста, по сцената во која толкувачите на двете главни машки улоги, британските актери Оливер Рид и Ален Бејтс се борат потполно голи.
Расел е познат и по режијата на религиозниот филм „Демони“, како и филмската верзија на рок операта „Томи“, работена според музиката на прославената групс „Ху“.
Во соопштението на семејството за смртта, не се наведува од што боледувал Кен Расел.
|