29.11.2011, 12:00 Молотов коктел ја оштети даночната управа во Атина
Во денешната експлозија на молотов коктел оштетена е зградата на даночната управа во атинското предградие Глифада, соопшти грчката полиција.
Молотовиот коктел, направен од канистер за гас, експлодирал пред зори додека работниците се уште не биле во зградата.
Полицијата тврди дека молотивите коктели се направени од канистри за гас со „потпис“ на мала група анархисти кои извршуваат напади на симболите на богатство и моќ на државата.
Досега ниту една група не ја презеде одговорноста за поставување на направата.
|