30.11.2011, 13:40 Четири години затвор за лекарот на Мајкл Џексон
Мареј на 7 ноември беше прогласен за виновен за смртта на пејачот, а судијата се одлучи да му даде максимална казна.
Судот во Калифорнија го осуди Конрад Мареј, личниот лекар на поп-ѕвездата Мајкл Џексон, на четири години затвор за убиство од небрежност во 2009 година.
Мареј на 7 ноември беше прогласен за виновен за смртта на пејачот, а судијата се одлучи да му даде максимална казна.
Адвокатите на осудениот лекар барале тој да биде осуден на условна казна, а по изрекувањето на пресудата, веднаш вложиле жалба.
Обвинителството е задоволно со одлуката на судот, но бара дополнително уште 70 милиони долари отштета, наменети за децата на Мајкл Џексон.
„Оној што ќе ја согледа објективно ситуацијата ќе дојде до заклучок дека Конрад го напуштил својот пациент. Ова е неприфатливо однесување на еден лекар, срамно за неговата професија“, рекол судијата по изрекувањето на пресудата.
Мајката на Конрад Мареј пред изрекувањето на пресудата го молела судијата да го осуди на општествено корисна работа и да биде благ кон нејзиниот син, зашто немал никакви проблеми со законот досега и дека е тажен поради смртта на својот пријат��л.
|