| 30.11.2011, 15:29Плаќал пијачки со фалсификувани евра 
 Деветнаесетгодишно момче од Делчевско доби кривична пријава откако бил откриен како плаќа во кафеана со фалсификувани евра. Како што информираат од полицијата, пријава е поднесена против А.А. од село Град, Делчево. Тој во август 2011 година во угостителски објект платил пијалак со фалсификувана банкнота од 50 евра. (Х.Р.)
 
 |