01.12.2011, 15:22 Сестрите Клопчевски нови газдарици на Сити Хол Центар
Од сабота, со гламурозно отворање, дискотеката „Хард рок“ станува „Сити хол сентар“ („City hall center“), ново „ин“ место во градов.
Станува збор за простор на кој сосема му е сменет ликот, замислен за разни случувања - таму можат да се одржуваат забави од секаков карактер - приватни, бизнис, ама и културни манифестации, изложби, промоции... Нов простор значи и нови сопственици - тоа се сестрите Клопчевски, ексмисицата и сопруга на Дарко Гелев- Брејк, Драгана, и Билјана.
|