02.12.2011, 15:21 Притвор за осомничените во „Калдрма“
Истражен судија им одредил притвор на 76 вработени во „Македонија пат“ осомничени дека фалсифкувале сметки од патарини.
Дел од уапсените се притворени во истражниот затвор во Шутка, а поради недостиг на простор останатите се однесени во во затворите во Тетово, Прилеп, Битола и Гевгелија.
Судот им одредил куќен притвор на две осомничени. За криминалот на патарините тежок 2 милиони евра се осомничени уште седумина, кои се во бегство.
|