05.12.2011, 10:29 „Позитивна Словенија“ ги доби парламентарните избори во Словенија
Левоцентристичката партија „Позитивна Словенија“ на популарниот градоначалник на Љубљана Зоран Јанковиќ изенандувачки победи на вчерашните пресвремени парламентарни избори, пренесоа француските медиуми.
Официјалните резултати, објавени од Изборната комисија по пребројувањето на 99,8 отсто од гласачките ливчиња покажуваат дека партијата „Позитивна Словенија“, која беше формирана пред изборите, освои 28,5 отсто од гласовите и влезе во 90-члениот парламент со 28 пратеници.
Десноцентристичката Демократска партија на поранешниот премиер Јанез Јанша, која според прогнозите требаше да биде победник на изборите, се најде на второ место и освои 26,3 отсто од гласовите (26 пратенички мандати).
Социјалдемократите на премиерот Борут Пахор, чија влада падна во септември, освои 10,5 отсто од гласовите, што е катастрофален резултат наспроти 30,5 отсто гласови, добиени на изборите во 2008 година, забележуваат агенциите.
Во новиот парламент влегуваат уште четири мали партии, како и по еден претставник на унгарското и италијанското малцинство.
Излезноста на избирачите изнесуваше 64,7 отсто и беше малку повисока од излезнос��а во 2008 година, кога беше 63 проценти.
|