24.11.2011, 14:57 Шест куќи изгореа во Крива Паланка
Шест куќи изгореа до темел во пожарот што избувна завчеравечер на полноќ во населбата Единство во Крива Паланка каде што живее претежно ромска популација.
И покрај брзата интервенција, Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) од Крива Паланка не успеала да ги изгаси опожарените куќи од причини што тие се приземни и изградени од лесно запаливи елементи, но сепак го спречиле понатамошното ширење на пожарот.
Домаќинствата од изгорените куќи моментално се сместуваат кај свои родини и пријатели, но во исто време бараат помош од општината Крива Паланка и пошироката општествена заедница. Причините за избувнувањето на пожарот се уште не се познати. Надлежни екипи се на теренот за да утврдат од што настанал пожарот и колкава е причинетата материјална штета. (МИА)
|