24.11.2011, 12:08 Јапонскиот цар е отпуштен од болница
Јапонскиот цар Акихито, кој закрепнува од прележан бронхитис, денеска е отпуштен од болница.
Седумесет и седум годишниот монарх повеќе нема висока темпартура, но лекарите му препорачаа неколку дена да мирува во својот дом.
Императорот Акихито беше примен во Универзитетската болница во Токио на 6 ноември со бронхитис и висока температура.
Јапонските медиуми јавија дека лекарите му препорачале да ги извршува своите задачи дури кога целосно ќе закрепне. Додека беше во болница царот беше заменуван од неговиот син, престолонаследникот принцот Нарухито.
|