25.11.2011, 10:02 Металург со пресврт поразен од Констанца
Ракометарите на Металург го доживеаја вториот пораз во групата Ц во Лигата на шампионите, откако синоќа во Бузау загубија од романскиот првак Констанца со 20:19 (9:12)
Со овој успех, Констанца успеа да ги задржи теоретските шанси за пласман во следната фаза, а Металург не успеа да дојде до првата гостинска победа.
Македонскиот шампион одлично го почна натпреварот и имаше водство од 5:1 по десет минути игра, а во 25. минута ја имаше и највисоката предност два пати по шест голови (11:5 и 12:6).
Констанца резултатски почна да се враќа откако на крајот од првиот дел направи серија од 3:0. Првото изедначување (18:18) беше во последните пет минути, а веднаш потоа романската екипа го имаше и првото водство – 19:18.
Во последната минута Златко Мојсоски реализираше седмерец за 19:19, а во последната секунда Александру Чепреги беше прецизен за гол и победа на Констанца.
Од групата Ц в сабота играат Копер - Санкт Петерсбург, а в недела Хамбург и Висла. На чело на табелата во групата Ц е Хамбург со 10 бодови, пред Металург со 7, Копер има 6, Висла 4, Санкт Петерсбург 3, а Констанца е последна со 2.
|